Втор пример е другарче од средно со видни последици како што опиша Карпатиан со окото//но кај него беше и устата....дури имаше и мало ментално заостанување. Сам си кажа...поради висока температура, но и долго време не спуштена.
Затоа Ахтунг во вакви ситуации е корисно да знаеш што повеќе типови на различни лекарства кога оние кои ти ги пропишале очигледно не делуваат. Доволно е да знаеш дека постои, а за начинот на користење и дозирање има кој да каже, а и си пишува на ливче како кај секој лек.
Друг е муабетот колку можеш да се потпреш на "стручњациве" по нашите амбуланти.
Јас лично на лице место сменив матичен лекар за детево во локалната амбуланта , откако кога ќерка ми им ја однесов со афти во уста и гнојна ангина на грлото со температура, ми рече " Ништо не и е....нека пие чај од камилица, нема потреба од препишување лекарства, сама ќе се излечи"..а детево неможе да збори од болка и на моменти блада од висока температура.