затоа си ти и сопругата тука за да ја насочите, дообразувате и да не биде подлежна на извитоперени општествени вредности, а иднината сама ќе си ја одреди
и ние бевме ебаната генерација која проаѓаше низ војни и трназиции кои никако да завршат и немаше иднина за нас, па еве тука сме и основаме и градиме семејства (со исклучок на тие кои не се)
јас имам сега петтооделенец и двајца вторачиња
седиме и работиме со тројцата, секој со својот материјал
дополнително гледаме што посликовито и поедноставно, па дури и низ игра да им ги дообјасниме работите кои шти ги учат
петтоделенецот до оваа година беше кај вистински педагози, па потоа наставници
од пристап према деца, однос со родители, преку пренесување знаење
во одделението имаат глувонемо детенце и наставничката заедно со целото одделение го научија знаковниот јазик за да може да комуницираат со детето и сите до еден може да се разберат со него
спремија и точка/настап со кој настапуваа во училиштето за дечиња со посебни потреби и добија и награда од општина Карпош за идејата и агаржманот
така да, нека му е со лесно на првачето, да слуша и работи на училиште, а вие дома да се интересирате што работи и заедно да го повторувате материјалот
и малку попозитивно