Оваа година и јас имам прваче.
Моето дете влегува во образовен систем во кој немам доверба, општество со извитоперени вредности, стерилна држава без иднина и без можност за напредок заснован на знаење, способност и интелект.
Штедната книшка и е отворена уште откако е родена, али не се чудете ако еден ден отворам гаража Југо 65 и останам со една исчукана бас гитара од 200 евра, бидејќи се останато сум продал само за да ќерка ми не остане во бананава од држава.
Императив во воспитувањето ми е не да носи петки дома по секоја цена и по се и сешто, туку што побрзо да дознае што сака да биде во животот. Лично по себе знам дека оние кои во средно се трудеа и да го цитираат Едгар Алан По и да решаваат синус/косинус за најбрзо време, заглавија на факултет кога се соочија со испити од 300,400, 500 страни. Јас, од друга страна бев со одличен успех и "поклонета" двојка по математика и како што гледам, сеуште не ми притребало да пресметувам аритметички прогресии, тангенс котангес и сл.
http://www.reborn.mk/ne-moras-da-bides-direktor/
Според мене многу погрешен пристап на воспитување, а еве и зошто:
Имав еден школски во основно кој уште од дете го спремаа дома дека ќе биде нешто големо, дека ќе оди во странство да се школува, дека животот потоа ќе му понуди се на тацна. Се бавеше со астрологија во основно и средно, немаше натпревар на кој не учествуваше (затоа што беше интелегентен и затоа што сакаше да се покаже), доби и стипендија за да го продолжи средното во Словенија и тоа и го направи и замина таму и после десет години излегувам од работа и го гледам во драгстор си реди роба дечкото, ќе го прашав како му оди во животот ама едноставно кога ме виде наведна глава и мене одма ми стана јасно што е работата.
Исто така имам тука и колеги во Германија кои донесоа цела фамилија со се деца средношколци/основци и после одреден период на таков огромен револт и бунт наидоа од страна на децата (што за мене е сфатливо од каде тоа потекнува), што некои дури мораа и да се вратат во МК пред децата да фатат по некој лош пат.Зборот ми е деца кои во МК би имале потенцијал за академско образование, тука во Германија ќе останеа едвај со некоа средно занатчиско и тоа после огромни напори од родителите.
Мислам дека најисправно е тоа што
@velestrumf го направи со ептен мало дете комплет селење и почнување од нула, секакви други притисоци и наметнувања на мислења и ставови од родители само ќе направи поголеми проблеми.