Автор Тема: CARclub дечиња!  (Прочитано 308805 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2070 на: 18 Јули 2018, 00:56:53 am »
Салида во прилеп има аква парк ама појма немам каков е :)

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2071 на: 19 Јули 2018, 20:20:37 pm »
Имате и Аква Спарк - Дебар.

Изгрев е прекрасен, али малце солен.

Sent from my Redmi Note 4x


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2072 на: 20 Јули 2018, 13:34:59 pm »

...и чисто да разјасниме која песна ја свири.... ;D


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2073 на: 29 Јули 2018, 23:01:46 pm »
Друштво да не има некој да му стои по дома седиште за во кола, од 15 кг па нагоре. Сакам да земам за во другата кола, ќе се користи од градинка до дома, 2 км дневно.

Ако има некој за продажба супер, ако не ќе тркнам утре до молот.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2074 на: 30 Јули 2018, 09:53:56 am »
Дали имате или знаете некоја проверена жена за чување дете додека сме на работа?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2075 на: 07 Септември 2018, 13:20:53 pm »
Оваа година и јас имам прваче.

Моето дете влегува во образовен  систем во кој немам доверба, општество со извитоперени вредности, стерилна држава без иднина и без можност за напредок заснован на знаење, способност и интелект.
Штедната книшка и е отворена уште откако е родена, али не се чудете ако еден ден отворам гаража Југо 65 и останам со една исчукана бас гитара од 200 евра, бидејќи се останато сум продал само за да ќерка ми не остане во бананава од држава.



Императив во воспитувањето ми е не да носи петки дома по секоја цена и по се и сешто, туку што побрзо да дознае што сака да биде во животот. Лично по себе знам дека оние кои во средно се трудеа и да го цитираат Едгар Алан По и да решаваат синус/косинус за најбрзо време, заглавија на факултет кога се соочија со испити од 300,400, 500 страни. Јас, од друга страна бев со одличен успех и "поклонета" двојка по математика и како што гледам, сеуште не ми притребало да пресметувам аритметички прогресии, тангенс котангес и сл.


http://www.reborn.mk/ne-moras-da-bides-direktor/


« Последно менување: 07 Септември 2018, 13:27:52 pm Stratro »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2076 на: 07 Септември 2018, 13:34:56 pm »
затоа си ти и сопругата тука за да ја насочите, дообразувате и да не биде подлежна на извитоперени општествени вредности, а иднината сама ќе си ја одреди
и ние бевме ебаната генерација која проаѓаше низ војни и трназиции кои никако да завршат и немаше иднина за нас, па еве тука сме и основаме и градиме семејства (со исклучок на тие кои не се)

јас имам сега петтооделенец и двајца вторачиња
седиме и работиме со тројцата, секој со својот материјал
дополнително гледаме што посликовито и поедноставно, па дури и низ игра да им ги дообјасниме работите кои шти ги учат

петтоделенецот до оваа година беше кај вистински педагози, па потоа наставници
од пристап према деца, однос со родители, преку пренесување знаење

во одделението имаат глувонемо детенце и наставничката заедно со целото одделение го научија знаковниот јазик за да може да комуницираат со детето и сите до еден може да се разберат со него
спремија и точка/настап со кој настапуваа во училиштето за дечиња со посебни потреби и добија и награда од општина Карпош за идејата и агаржманот

така да, нека му е со лесно на првачето, да слуша и работи на училиште, а вие дома да се интересирате што работи и заедно да го повторувате материјалот :)
и малку попозитивно :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1836
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2077 на: 07 Септември 2018, 13:55:36 pm »
Кога сме кај образовниот систем патеката по која се водам сам ја одбрав од насоки од дома немав големи започнав со средно во михало пупин со желба да имам занает како професија бидејќи мислев нај нема да зависам од партија систем во државава, потоа почнав да навлегувам океј научив електрика но ми се виде програмирањето како поголем предизвик пред мене да не ринтачам на отворено и со кабли, продолжив на финки сеуште сум студент во последна година, и мегувремено почнав да работам без никаква помош и сам да си го пронајдам работното место иако тазе почнат задоволен од цел пат кој го измивав со препреки за да стигнам до оваа точка, иако тешко беше да работам за да можам да си го плаќам факултетот но на крај пристигнав до тоа што ми беше цел секако од сето тоа главен заклучок ми е дека упорноста е лекот за се и дека ако се одбере и даде на дете добра насока би се изградило добра личност од него. Иако во случајов јас самиот си го трасирав патот.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2078 на: 07 Септември 2018, 15:01:21 pm »
Занат ( од водоинсталатор, музичар, бравар, автомеханичар,преведувач сл.) топрв ќе носи леб на маса на луѓе кои решиле да не се плеткаат по партиски штабови. Не верувам дека факултетска диплома ќе стане гарант за пристоен живот во догледна иднина. Може само уште повеќе да изгуб и на вредност.

Оттука, способноста детето да створи/поправи нешто со свои две раце е особено битна , а кај нас во МКД може и побитна од CV.
Oд истите причини јас не би оставил музика.
Никогаш не се знае.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2079 на: 07 Септември 2018, 16:49:45 pm »
Затоа старите рекле "Пријателството е најголемо богатство".

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2080 на: 07 Септември 2018, 22:05:08 pm »


Концептот го знае, само треба да потпорасне малку :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2081 на: 07 Септември 2018, 23:32:16 pm »
Не верувам дека факултетска диплома ќе стане гарант за пристоен живот во догледна иднина.

Значи престанете со идејата дека факултетска диплома треба да е признаена или дека некој ја приметува или вреднува.

Факултетската диплома е  лично за тебе, да посведочи за тоа каков професионален карактер некој се обидел да те изгради. Ако си дибек макар и доктор после 60 дена ќе добиеш отказ (под претпоставка дека 30 дена е отказен рок).

Способноста и вредноста на човекот не се мери со бинарен систем: факултетска диплома TRUE или FALSE. Способноста и вредноста на човекот се мери со неговата способност и вредност, simple as that.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2082 на: 08 Септември 2018, 11:36:35 am »
Нешто има вредност ако (по)тешко се стекнува, а денес секој дибек може да стане магистер. Simple as that.
Никој не рече дека способноста и  вредноста на човекот се мери според дебелината на CV то. Поготово кај нас.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2083 на: 08 Септември 2018, 12:43:10 pm »
Последно што слушнав, можеш да приложиш во CV и докторска титула без да имаш докторирано, односно во најава да ти е... како ЈАМБ ;D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #2084 на: 08 Септември 2018, 15:29:25 pm »
Дај ми 5000 евра, за една година ќе станам д-р Стратро. Толку кошта.