Се смениа многу работи задњиве 10 години. КОлку и да кукаме дека е тешко мора да признаеме дека денес може да си дозволиме детско седиште, памперс, разно разни вештачки дохрани ( замени за мајчино млеко ), понатаму нова машина за перење кога старата ќе дотрае ( порано ги поправале ) Лед, Плазма у секоја соба, компјутер за секого и.т.д, и ко ќе не видат стариве што се имаме се чудат дека пак нешто ни фали ... ваљда дека некој има повеќе ...
Не се смениле во последниве 10 години, ни во последниве 100...Можда така ти се чини затоа што многу луѓе кај нас во Македонија живеат поскромно од времето во СФРЈ. Ама ништо битно не е сменето. Се менува само формата, меѓутоа суштината е иста! Човекот во последниве 10000 години не еволуира.
А факат е дека најбитно нешто што може да му подариш на детето е време, тие деца ќе имаат најдобра иднина ...
Ретко од тебе читам вакви умни мисли

Апсолутно се согласувам дека најголемата инвестиција која можеш да ја направиш за децата е да им посветиш соодветно време и внимание и да направиш од нив луѓе. А тоа, како што Стратро погоре убаво го појасни со стрипот, се најраните години од животот кога како родител ти си најголем во нивните очи и тие се поистоветуваат со тебе. Практично 90% од инвестициите во децата и оформување на карактерот се прават до 6-тата година, во остатокот од животот до адолесценција останатите 10%, а после тоа се веќе оформени личности и како родител немаш никакво влијание за да ги промениш. Можат сами, ама тоа е многу тежок пат. Кој работел на себе, знае.
Сепак, убаво е кога ќе можеш и да им пришутиш некои благодети од материјалниот свет. На пример да ги шеташ по мориња, планини, градови. Да ги едуцираш во убави школи и градинки. А сето ова си бара финансии кои за мнозинството денес е потешко да ги заработат отколку некогаш. Па така многу родители сакајќи да им овозможат подобри материјални услови го запоставуваат најбитното, а тоа е вистински да посветат време на своите деца. Но тоа го правеле и многу родители во минатото, без разлика.