Јас ипак типувам на дизните.
При пониски вртежи, млазот треба да е послаб и ако постои затнување на дизните, истиот ќе биде нееднаков, што води до сецкање.
На повисоки вртежи, нивото на регулација на горивото од дизните е повисоко (шприца повеќе гориво) при што може да се надмине затнувањето.
А сигурен сум дека не се сите затнати, туку при повисоки вртежи компензираат исправните, така што не се осеќа сецкање.
Уште нешто - само физичко чистење. Адитив тешко дека ќе заврши работа. Всушност, може да ја влоши.
Поминато ми е, со истите симптоми, атмо бензинец.