Автор Тема: Форд Мондео МК4 проблем со клима  (Прочитано 1493 пати)

Отсутен bobans30

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Форд Мондео МК4 проблем со клима
« на: 02 Ноември 2020, 17:27:15 pm »
Поздрав до сите,Имам проблем со климата на Форд Мондео МК4 1.6Тдци 2011 год.Кога ке ја вклучам климата,десната зона работи нормално а левата не лади и само има обична вентилација.Меѓутоа ова не се случува постојано туку повремено.Обично кога колата не е палена во текот на денот и ке ја запалам и ке пуштам клима,десната зона лади а левата не.Потоа ке направам самодијагностика на климата со притискање на копчињата,и ке се појави еррор код 90 81 што означува дека е грешка во моторчето од клапната.Во МИДА ми го сменија моторчето на кое чекав да пристигне од Германија,но повторно се беше исто,час работи час не работи левата зона,по што ми го вратија мојот дел и ми ги вратија парите назад,а јас колку што гледам не сакаат да се замараат многу затоа што има доста работа и истражување,потребно е да се растури цела шалт табла.Сега приметувам дека и кога не е вклучена климата,односно на греење само,левата зона не работи како што треба,Напоменувам дека откако ке направам рачна селф дијагностика на климатроникот,после тоа се се враќа во нормала,и двете зони работат како што треба.А јасно ми е дека за ваков вид дефект не се оди било каде затоа што ако не се намести цела предна шалт табла како што треба,ке ми кине нерви во иднина со разни звуци.Ке ценам ако некој може да ми помогне од почитуваните форумџии да го решам овој проблем
« Последно менување: 02 Ноември 2020, 19:17:05 pm bobans30 »

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Форд Мондео МК4 проблем со клима
« Одговори #1 на: 03 Ноември 2020, 09:03:06 am »
Ако моторчето било сменето а пак го правело истиот проблем, тогаш да не се работи за самата клапна (лептирот), да не е скршено или можеби треба да се подмачка, штом и новото моторче не можело да ја придвижи, ама кога веќе била растурена шалт таблата требало убаво комплет се да проверат. Дали и со старото моторче проблемот ти е повремен или постојан? За ваква осетлива работа, јас би ги препорачал А.Ц.Е. клима - Цеко, Вебасто, кај поранешно Раде Кончар, да го побараш Саше.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен bobans30

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Форд Мондео МК4 проблем со клима
« Одговори #2 на: 04 Ноември 2020, 20:43:43 pm »
Хм,во Мида тврдат дека додека е растурена шалт таблата не може да се провери како работи моторчето,наводно мора прво да се склопи па да се испроба.А и со старото и со новото моторче ја јавува истата грешка на самодијагностика 90 81.Не ми е јасно како откако ке направам рачно самодијагностика на климатроникот,ке ги изврти сите параметри,ке го јави кодот за грешка и потоа кога ке го избришам со стискање на копчето за мах вентилација, се се враќа во нормала и двете зони почнуваат да работат нормално.Другиот ден повторно иста песна,некогаш работат двете а некогаш само едната.Бог да чува со ова Мондео.Не знам дали кај Вебасто сервисот се занимаваат со расклопување на шалт табли или не,затоа што ако внимателно не се врати се на свое место ке се раскрцка цела пластика и ке се изнервирам па ке оди на продажба.
« Последно менување: 04 Ноември 2020, 20:52:20 pm bobans30 »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Форд Мондео МК4 проблем со клима
« Одговори #3 на: 04 Ноември 2020, 23:11:31 pm »
Само позади Раде Кончар, Вебасто сервисот. Ако тие не го средат, никој во Скопје нема. 5 години со Алфата се зезав по мајстори низ Скопје. Маџари, Лисиче, Долно Лисиче, Пинтија, ... никој не знаеше да го среди.Климата се гасеше во тек на возење. На крај испадна магнетот ослабел и само овие Вебасто го открија за рок од буквално 5 минути. Така шо само пофални зборови

И да, треба да се растура кај тебе. Тука е маката.

Отсутен Mihail

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Форд Мондео МК4 проблем со клима
« Одговори #4 на: 04 Ноември 2020, 23:25:17 pm »
The climate control and heating system features an on-board diagnosis function which can detect and store both current permanent faults as well as intermittent faults which have occurred during normal operation of the vehicle. It is also possible to read out these faults via the display on the climate control assembly. To read out the fault memory, the ignition key must be turned to the "ON" position and the battery voltage must be between 9 V and 16 V.

Activating the on-board diagnosis function

At the climate control assembly, PRESS the "OFF" and "FOOTWELL" buttons simultaneously for exactly 2 seconds, then PRESS "AUTO" within 1.5 seconds. The on-board diagnosis which then starts lasts a few seconds. An animated display appears in the display of the climate control assembly during this time. Any faults found are displayed on both displays of the climate control assembly in the form of trouble codes.

Example: Left-hand display shows "90", right-hand display shows "B3", i.e. the trouble code read out is 90B3 = short in circuit for right-hand center vents air outlet temperature sensor (short to ground).

The following table gives information on the possible DTCs and their corresponding meanings. By PRESSING the "DEFROST" button, the fault memory is cleared and diagnosis mode is ended. To end the diagnostic mode without clearing the DTCs, PRESS any other button on the climate control assembly.

Reading out of stored faults

At the climate control assembly, PRESS the "OFF" and "FOOTWELL" buttons simultaneously for exactly 2 seconds, then PRESS "HEAD AREA" within 1.5 seconds. Any stored faults are shown on the display of the climate control assembly and should be noted for safety reasons. By PRESSING the "DEFROST" button, the fault memory is cleared and diagnosis mode is ended. To end the diagnostic mode without clearing the DTCs, PRESS any other operating button on the climate control assembly.

Reading out the software version

At the climate control assembly, PRESS the "OFF" and "FOOTWELL" buttons simultaneously for exactly 2 seconds, then PRESS "A/C" within 1.5 seconds. The software version is shown on the display of the climate control assembly. The output mode can be exited by PRESSING any button on the climate control assembly.

Fault code table - Vehicles with EATC
Fault code - diagnostic unit DTC Description Action
B108100 9081 Circuit of left-hand temperature control flap actuator faulty GO to Pinpoint Test I.
B108200 9082 Circuit of right-hand temperature control flap actuator faulty GO to Pinpoint Test H.
B108300 9083 Fault in the circuit of the air recirculation flap actuator GO to Pinpoint Test D.
B108600 9086 Fault in circuit of actuator for air distribution flap GO to Pinpoint Test G.
B10B300 90B3 Fault in circuit of right-hand center vent air outlet temperature sensor GO to Pinpoint Test J.
B10B400 90B4 Fault in circuit of right-hand footwell air outlet temperature sensor GO to Pinpoint Test K.
B10B500 90B5 Fault in circuit of left-hand center vents air outlet temperature sensor GO to Pinpoint Test L.
B10B600 90B6 Fault in circuit of left-hand footwell air outlet temperature sensor GO to Pinpoint Test M.
B10B800 90B8 Circuit for push buttons of control panel for climate control system faulty CLEAR the fault memory.
If the fault occurs again after a functional test, INSTALL a new climate control assembly.
B10B900 90B9 Circuit of blower motor faulty GO to Pinpoint Test B.
B1A6100 9A61 Fault in circuit of interior temperature sensor GO to Pinpoint Test O.
B1A6300 9A63 Circuit of right-hand sun load sensor faulty GO to Pinpoint Test N.
B1A6400 9A64 Circuit of left-hand sun load sensor faulty GO to Pinpoint Test N.
P053500 0535 Fault in circuit of evaporator temperature sensor GO to Pinpoint Test E.
U210000 E100 Incomplete vehicle configuration parameters REFER to: Module Configuration (418-01 Module Configuration, General Procedures).
U210100 E101 Faulty configuration of the climate control assembly REFER to: Module Configuration (418-01 Module Configuration, General Procedures).
U300000 F000 Internal control unit fault CLEAR the fault memory.
If the fault occurs again after a functional test, INSTALL a new climate control assembly.
U300616 / U300617 F006 Supply voltage not within the specified range (9 - 16 V) GO to Pinpoint Test F.
B102E00 902E Ambient air quality sensor faulty CLEAR the fault memory.
If the fault occurs again after a functional test, INSTALL a new ambient air quality sensor.
B10BB00 90BB Circuit for ambient air quality sensor faulty. GO to Pinpoint Test T.

Тестот И како што посочува можеш да го најдеш тука во овој документhttps://workshop-manuals.com/ford/mondeo_2007.5_02.2007/mechanical_repairs/4_electrical/412_climate_control_system/412-00_climate_control_system_general_information/diagnosis_and_testing/climate_control_system/#G927142p9, па дали ти сам ќе ја правиш понатамошната истрага и дијагноза ти реши си . Во секој случај е детално објаснето  и се надевам ќе ти биде од корист.

Поздрав,

Отсутен bobans30

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Форд Мондео МК4 проблем со клима
« Одговори #5 на: 13 Февруари 2021, 20:32:59 pm »
Koнечно го решив случајот.Испадна дека климатроник модулот-плочка во кабината правела проблеми,меѓутоа многу тешко беше за дијагностика затоа што компјутерот јавуваше друга грешка.Во Мида ми посочија дека најверојатно тоа е проблемот,нарачав преку ебау половен климатроник модул затоа што нов е околу 800 евра и целиот зафат ме чинеше 100 евра комплет,а сменет е делот во Мида сервисот.Некогаш без овластен сервис едноставно не се може

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Форд Мондео МК4 проблем со клима
« Одговори #6 на: 13 Февруари 2021, 23:27:02 pm »
Најверојатно...

Поверојатно ти се посреќило :)

Туку, неверојатно е за колку многу случаи имам слушнато дека компјутерот јавува други грешки на дијагностика и неможност точно да се лоцира проблемот.
Тука се вбројувам и себе, среќа во гарантен рок.