Еве и од мене импресии: возилото за мене е одличен компромис од возило кое во секој момент да го однесеш на стаза, а и возило кое релативно може да се користи секојдневно, и да, можеби едно турбо би помогнало многу за да веднаш машината скокне на 6500 вртежи каде навистина почнува да си го покажува своето, но и без тоа возилото е доволно брзо. Неверојатно стабилно, и билокој кој претходно не бил во допир со ваков вид на возило ќе може реалтивно лесно да го управува и да си поигра со истото. Возилото со екстремна леснотија постигнува високи брзини што е она што се очекува и бара од него. Ме изненади фактот што е дури помека од мојата Ибица која дефинитивно ми помогна да си ги искршам камењата во бубрезите, но при поголеми брзини возилото си се однесува коректно и таа мекост се губи, според мене е прекрасна машина и е доволно забавна со вклучени системи, за оние со малку повеќе адреналин има две копчиња кои помагаат многу.. При мали вртежи е тивка и скротлива и можеби првиот впечаток нема да ви го донесе она WOW чувство, но една празна улица и притискање на педалот на гас до долу менува се...

Се на се, ако некој има да ми позајми 33000 евра би му бил вечно должен, но истовремено и би се молел за негово здравје и благосотојба секој ден..
