Дечки, каква (б)холивудска режија беше сезонава, чудо едно! Америчкиве сопственици на Ф1 (Liberty Media), за брзо време го открија моделот.
Мора да се решава шампионот во последен круг на последната трка! Така се млатат пари од гледаност! Свака част!!
Мајкл Маси, десет реки не го мијат! Почнувајќи од цела трка под сејфти кар на Спа, чисто за да се поделат поени, па се до ценкање кој како ќе стартува после ред флег на Саудиска Арабија, и на крај, овој блам со денешнава трка. Крш!
За денешнава трка, нема што да се каже. Сејфти кар беше единствената шанса за Макс, откако на првиот круг, по неговиот лош старт (повторно) Маси не се ни потруди да го испита моментот што Хамилтон ќари позиција вон стаза. После низа глупи одлуки од Маси, веројатно некој (кој го плаќа веројатно), му кажа „дее бе дечко, дај полека малце со глупостиве...“, па се опраи и дозволи Макс да си дојде на место (позади Луис). После тоа, јасно беше дека тешко Луис со тие гуми ќе ја одбрани првата позиција.
Гледајќи ја целата сезона (а и до оваа трка видливо), Макс беше подобриот. Повеќе победи имаше. Греота е да земе титула некој со помалку победи. Имало и друг пат такви случаи, и ок е, ама греота е...
Не е лош возач хамилтон, ама време е да има нов шампион. Сега, ќе може на раат да си го мрзам Макс, како пред 2-4 сезони.
До година, Ferrari шампиони! Оваа година заслужено 3-то место во конструктори! Одличен скок во однос на минатата сезона!