@zeroSignal имаш порака.
Да се надоврзам, и белата обична ракија иако 11то место, оценета со високи 82 бодови и сребрен медал.
Би рекол дека сме среќни и привилегирани, со можноста да пиеме чиста и квалитетна ракија, за така скромна цена.
Препекот сепак е дупли процес на работа, а и за да се доведе до таа зрелост за да земе таква награда, потребно е многу време и знаење. Потребни се природни материјали кои мораат да поминат време и да достигнат технолошка зрелост, за да може да се користат како зачин за ракија. Од таму и цената не може да биде иста како обичната ракија.
На церемонијата на доделувањето на наградите, имаше ракии правени со хемикалии, кои на мое задоволство добија лоши коментари од дегустаторите. Тоа ми е главната цел и мото, да ја зачуваме чиста и природна.
Ракијата мора да го има шмекот на ракија! Штета е тоа да се одземе од самата ракија со употреба на хемија, правејќи ја ракијата нешто што не е, поистоветувајќи ја со нешто што не треба да биде.
За жал, без да бидам скромен, можам да тврдам дека повеќе од 85% од ракијата која доаѓа од Кавадарци и Неготино, е правена со шекер и е фарбана со хемија. Истата поединци ја промовираат како стара и ја продаваат и по 250 денари.
Не! Ова не го пишувам за да ја промовирам мојата ракија. Ова е протест против таквиот начин на правење ракија а особено пласирањето на истата како стара.
Поздрав клабери и на здравје, што и да пиете