Автор Тема: Ракија  (Прочитано 18048 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2348
Одг: Ракија
« Одговори #90 на: 16 Февруари 2022, 13:04:57 pm »
Каде тоа во Аеродром има ракивче од твоето, не кажувате вакви работи ? :) Белата ја имам пробано, сега на ред е жолтата.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ракија
« Одговори #91 на: 16 Февруари 2022, 13:14:59 pm »
Пред Капитол мол, во првата или втората зелено бела зграда. Влез 17.

Златко +38978363293. После 17.00 обично е дома. Работи некаде околу Водно. Ако ви е поблизу тсму, може и на работа да земе па да си ја земете од таму.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7069
Одг: Ракија
« Одговори #92 на: 16 Февруари 2022, 14:40:34 pm »
И за мене две флаши од препекот, нека има.
Ја потврџујем!

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Ракија
« Одговори #93 на: 16 Февруари 2022, 22:22:51 pm »
И јас би сакал да нарачам 3 литра од препекот - Скопје.

Потврдувам 3Л препек + 1Л од обичната жолта. Утре ќе се слушнам со човекот.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Ракија
« Одговори #94 на: 16 Февруари 2022, 22:35:26 pm »
1 кило потврдено од најфалената.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ракија
« Одговори #95 на: 16 Февруари 2022, 23:44:07 pm »
Ок. Примено.

Препекот не е во Скопје кај Златко, само обичната жолта.

Обичната жолта е пакувана во 1.5 литарски шишиња и 5 литарски тубиња.

За препекот дополнително ќе ве контактирам за испораката.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Ракија
« Одговори #96 на: 17 Февруари 2022, 11:48:50 am »
Ако има уште пиши 3л. препеченица за мене


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ракија
« Одговори #97 на: 18 Февруари 2022, 17:29:58 pm »
Да исфлаширам за порачаните па ќе ти кажам колку ќе остане.

Задоволство ми е и мене да можам да одвојам и за тебе. Ќе те информирам.

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: Ракија
« Одговори #98 на: 18 Февруари 2022, 17:33:34 pm »
Ако остане, те молам 1л препеченица планирај и за мене.
Потпис.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ракија
« Одговори #99 на: 19 Февруари 2022, 18:40:11 pm »
Ок клабери, потврдено и исфлаширано за сите. Кај мене е ракијата. Ако имате некој пред 9ти Март, нека помине од Кавадарци да ја земе.

Ако не јас доаѓам на 9ти март во Скопје и ќе се договориме на едно место да си ја земете сите.

@Molec Ти беше од Велес ако не се лажам?
Потврди и остави ми број телефон во пп. Ќе ја добиеш ракијата во текот на следната недела во работен ден.

@savage Кажи ми од каде си?

Оставете сите телефонски броеви во пп, да си имам.

Денес дегустиран препекот направен пред неколку години, кој очекувам да биде готов некаде доцна летото. Според мене фантастичен!
Ја нема сеуште посакуваната боја и смиреност, но пошто јас го почитувам природните своиства на ракијата, за мене е фантастичен.
Кога ќе биде готов според вашите критериуми, ќе бидете благовремено известени.

Спремам нешто ново веќе некое време, нешто што ќе биде добро, со средна старост и средна цена. Ќе бидете информирани кога ќе дојде време.

Некоја слика како спакував за мене во 0.7л стакло. Многу ја личи. Ќе направам етикета во мал број. Јас за мене имам помалку од некој од вас што ќе добие, но мерак ми е да ја споделам со вас.
За жал тоа нема да го пијам, ќе се чува за Специјална пригода, некоја свадба, веридба каде шишето ќе се цепе од ѕид
Значи, за мене нема ни голтка повеќе од ова

На есен ќе се прави вино. Вино каде ќе се држам до што е можно по природна процедура. Неолеснето вино со полни ароми, не како што прават винариите база смедеревка па мешано со совињон бланк и да нудам совињон бланк. Или база кратошија-вранец па додавам Мерлот и нудам Мерлот

Планирани бели сорти се Ризлинг, Шардоне, Р'кацители.
Црни сорти, Мерлот, можеби и Кабернет совињон.

Поздрав клабери.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8688
  • Пичлеме
Одг: Ракија
« Одговори #100 на: 19 Февруари 2022, 18:58:33 pm »

За жал тоа нема да го пијам, ќе се чува за Специјална пригода, некоја свадба, веридба каде шишето ќе се цепе од ѕид
Значи, за мене нема ни голтка повеќе од ова



Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ракија
« Одговори #101 на: 19 Февруари 2022, 19:59:21 pm »
Уште едно збогување со една прекрасна реколта...

Ризлинг 2020г. Претпоследно шише

Вино кое јас го сметам за врвно, и секогаш го пијам или Ризлингот или Совињон бланк.

Нашиот Ризлинг го правиме по оддамна во ограничени количини од некои 100-140 литри годишно.
Од страна на хемија има само винобран, кој за жал кога се работи за вино, е неопходен и не може да се избегне. Но не користиме ни Сулфур, ни хемиски бистрачи, ниту ништо друго, супстанци кои се задолжително присутни во секоја и најмала семејна винарија.

Секоја година сме имале успех со нашиот стар домашен рецепт, кој по техника е обратен од оној на винариите и енолозите.

За жал пошто сме пијачи, нема количина да се однесе ова вино на натпревар.

За разлика од комерцијалните млади хемиски вина, ова вино мора да одлежи во бурето 5 месеци и во шишињата минимум 4-5 месеци.

Пошто веќе сум во делумна алкохолизирана состојба со дегустацииве, ќе ме истрпите со фалбите

Се надевам ви ја доловив бојата.

Ќе се потрудам наредната година да имате можност да го пробате.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Ракија
« Одговори #102 на: 19 Февруари 2022, 21:15:18 pm »
Cestito Dime na uspehot, jas odamna ne sum ti naracal, ama uste imam zatoa.

Pakuvanjeto e na nivo, 5 litarkite fabricki zapecateni I prepolni do vrv, edvaj preturas vo sise bez isturanje, covekot ne stedi na nisto :)

Preeska I sednav so zelka od bure, 3 caski letnaa za cas, posle toa so kokoskata ladno pivo I dremnav, sea sum spremen za vtora tura od istata disciplina.

I da se nadovrzam za kavadareckite rakii, sum piel mnogu takvi I ne mi bile ubavi za razlika od tvojata, se gleda deka povekjeto se izvestaceni.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ракија
« Одговори #103 на: 19 Февруари 2022, 23:40:07 pm »
Фала ти другар.

Таа што ја пиеш, зеде 11то место. Второ сребрено место. Само 6 поени помалку оценета од препеков кој зеде второ златно место

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ракија
« Одговори #104 на: 19 Февруари 2022, 23:50:22 pm »
Златен, нек се угодат успеси!
Ама најважно од сè, ти да си жив и здрав! :)

Пакуј букле за 8-ми Март и за мене.
Од најубавата ж'та шо а имаш у моменто, на таа тури ѝ налепница за мене да биде. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.