Здраво дечки.
Релативно нов член на форумов па да го споделам и моето возило. После долго возење на дизел возила се одлучив за ѕверчево...
Се работи за лексус ис250 со в6 мотор 208 коња. Производство 2007 година опрема доста висока за таа година.
Научен на дизел мотор, со бензинов се трудам да влезам во колосек се уште, си бара по високи обртаи за да ,,потегне" но ќе се среди и тоа
Моментално колата е спуштена, огрдена со челични бандаши со зимски гуми, со оригиналот ќе си монтирам летен сет и тоа е тоа.
Навикнат на претходна вожња на мерцедес W204-ка ова е како да се возам во картинг. Сега за сега заљубен во неа мислам ќе потрае дружбата.
Планови има доста, во среда ја носам во тојота па после отом потом
На колата и фали едно полирање, полирање фарови, ентериер кожата да се освежи флеки колку што видов нема за сега тоа е тоа, ајл кип ју апдејтед