Quattro во реалниот свет не е потребен. Скоро никогаш никој од нас не вози off-road, а и кога вози, обичната кола (со внимание) врши работа.
Позитивните страни кај Q3 се фантастичната кабина (ова сум го спомнал неколку пати - според мене Audi прави најдобри внатрешности од „мејнстрим“ возилата), модерниот (иако не уникатен) изглед и економичните дизели. Ова количе се зима со дизел и тука нема муабет. Да, сигурно ќе биде скапо, но тој што му прави мерак не глеа за цена.