Хаха, добро е сепак е практично, јас мислев воопшто и софтверски ќе ја нема опцијата ако не го изберам. Инаку да, има позади ко ролетни, ако се затворени у вожња личат на 100% затемнети стакла, мислиш министер позади се вози некој затоа и си реков ај не мора Sunset, иако ти верувам дека е добро, сепак фабричко си е фабричко.
@R2D2 Каков телефон користиш Android или iOS? Како реагира infotainment system-от при безжични поврзувања? Ко што глеав видеа повеќе се жалат на Android Auto него ли Apple Carplay. Ко да е оптимизиран infotainment-от за iOS повеќе. На ум ми е и со телефонче да се подновам па да слушнам мислења...
@DesmondMilez користам Андроид (Samsung A52). При бежично поврзување, за разговори е топ. Изненадувачки добро се слушаат и тие што се на задни седишта.
За Андроид Ауто ми бара кабел, моментално нема можност за бежично поврзување, можеби со некој нареден апдејт или друг телефон.
Android имам јас (Xiaomi)
Bluetooth работи одлично за разговори. Навистина добро се слуша со сите што разговарам. Одма се поврзува со колата чим влезеш.
За Android Auto си имам кабелче, внимавај само какво кабелче земаш наводно не работеле сите, гледај да е поскапо. USB-C на USB-C јас зедов.
Супер ми работи мене. Си користам Google Maps. Имаш и други да си користиш како Waze или што ти јас знам.
Си имам апликации за Internet Radio и слични глупости.
Spotify постојано ми свири