Автор Тема: Golf Sportsvan 1.0 TSI  (Прочитано 19704 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #75 на: 07 Декември 2021, 12:29:03 pm »
Проверено ми е. Морам во Шкода да одам да ја исклучат.

Малце да те попипкаат

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #76 на: 07 Декември 2021, 13:13:51 pm »
Абе можам преку OBD ама ај ...

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #77 на: 23 Април 2022, 22:50:29 pm »
Да обележам мал јубилеј, 33333 км.
Следи инспекција за месец дена, да ги ротирам гумите уз тоа, па у јуни негде технички.
До сега супер задоволен од аутото.

Отсутен comang

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #78 на: 25 Април 2022, 09:18:22 am »
Ете не се исклучи кај мене :) Ај баш ќе прашам во Порше пак.
стави/смени друга батерија и бренд
ex AR 145 1.4TS, ex AR 159 1.9JTDm
AR 145QV.....

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #79 на: 22 Мај 2022, 21:20:27 pm »
Вчера на 21.05.2022 и поминати 35К ротирани гумите (напрeд-назад и обратно). Мајсторот ги измери претходно од двете страни на секоја гума колку се истрошени, вредностите беа исти. Доплатив 1.5 еур по тркало за стругање на главчината (ако така е називот) и премачкување. Еве и 2 фотки.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #80 на: 09 Јуни 2022, 10:03:12 am »
Вчера на 08.06.2022, км 36500 направена инспекција, сервис и технички преглед (валиден во наредни 2 години).
При инспекција проверени околу 30-40 ставки, меѓу кои и притисок во гуми и длабочина на шара на истите (7мм заведено).
Им спомнав дека некогаш, многу ретко се дешава со поврзан телефон на андроид ауто, со командите за гласност и на волан и на радио да се регулира само звукот за разговор, но не и гласноста на радиото или ако пушташ музика од друг извор. Со исклучување на кабелот на телефонот и враќање назад се оправаше. Инсталира нова верзија на софтверот за радиото, па ќе видиме.
Напоменав да го проверат шалтањето на брзините, дека некако покруто е на мојата споредено со заменаската која ја добив лани, иста како мојата. Таму идеше полесно, како стопен путер да сечеш со нож :) Рекоа дека направиле некои подесувања, па ќе видам како ќе биде во иднина. Најтешко влагаше од 3та во 4та. На осет како да не е подмачкано нешто, така можам да го доловам.
Еве цените за сервисот:
1. Инспекција со промена на уље 128.98
2. Завртка 4.50
3. Филтер за уље 15.20
4. Заптивен прстен
5. Завртка 4.30
6. Моторно уље 4л 74.92
7. Дополнителна инспекција 57.32
8. Сервис на течност за сопирачките 42.99
9. Вентилирање на системот за куплунг 28.66
10. Течност за кочници 13.86
11. Комплет за фарови 14.33
12. Заменско возило 41.65

Вкупно 429.01
Вкупно со данок: 502.61
За плаќање 0.00, бидејќи имам месечен пакет за одржување од 30.39 еур. Опфаќа 20К км годишно и договорот трае 4 години.

За техничкиот преглед платив 148 еур. Мислам дека ако идам во Декра и правам таму сам ќе биде некое евро поефтино, но дупло замарање е така.

* за ставките во листата користев гугл транслејт, не замерувајте на лош и смешен превод :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #81 на: 09 Јуни 2022, 10:21:48 am »
во ЕУ две штопни ставаат ;D
на здравје сервисот

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #82 на: 09 Јуни 2022, 12:50:28 pm »
Ако добро разбрав од документот кој ми го дадоа, првата е количина 1, втората количина 3. Што е сигурно, сигурно е :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #83 на: 09 Јуни 2022, 13:59:38 pm »
Тие 3 се wht000729a и кај мене на секој сервис 3 ги менуваат, зошто и како незнам. Штрафчиња за пластиката доле се уствари.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #84 на: 09 Јуни 2022, 14:11:10 pm »
Веројатно и тие се пластични, па ги мењаат да не се деси да попуштат и да падне пластиката, а и пари плус да земат, секако. Сигурно така е пропишано според книгата за сервис и тоа е, не би се бунел мислам и да требаше да го платам сервисот.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #85 на: 27 Јануари 2023, 10:38:34 am »
Да обележам јубилеј 50К км и мал осврт на колава.
Да не ја урочам, нема проблем до сега, се си функционира, внатре доста стегнато делува, сеуште нема крцкања некои, се надевам така и ќе биде уште некоја година :)
Се вози колата околу 20К км годишно, потрошувачката според борд е околу 5.5-5.7, пошто 90% е на автопат или други патишта надвор од град.
Пошто еве веќе скоро 43К км ја возиме, можам да кажам дека добро оди со 1.0 TSI (116 PS, 200 Nm) моторот и мислам дека ако сега треба пак да купам иста кола, без размислување би ја земал пак со 1.0 TSI, освен ако 1.5 TSI не е блиску со цената, што не беше случај кога ја зимав.
Пошто сум висок 199, одлично ми легна за седење и немам некои проблеми на подолги релации, но секако после 300 км одмараме сите да се истегнеме. Влегувањето и излегувањето во/од кола е, барем за мене лесно, секако во поголемо ауто би било уште подобро и полесно.
Некои планови за наградби на колава немам, иако гледав ЛЕД фарови, али сепак тоа би оставил за наредно ауто. На пролет ќе земам нови целосезонски гуми и ќе ја рекламирам крутоста на шалтерот за брзини, се надевам сега во сервис ќе го средат тоа комплетно па да иде ко путер :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #86 на: 27 Јануари 2023, 21:37:08 pm »

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Дај најди некој ваков голф ако имаш некој проверен. Може со било кој мотор, тамаН апгрејд од плусот. Ќе си го увезам.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #87 на: 28 Јануари 2023, 20:48:21 pm »
Барај на mobile.de у близина на 61118, ако искочи нешто што ти фаќа око можам у сабота да го видам. Мада ако е од салон/дилер нема промашај таму мислам, али ако е од плац (арапи/турци/балканци) или од приватно лице е позезнато тогаш.
Овој салон е кај мене во градчето, таму на сервис ја носам, не ја купив од таму. Моментално немаат Sportsvan.´

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #88 на: 28 Јануари 2023, 21:03:53 pm »
Барај на mobile.de у близина на 61118, ако искочи нешто што ти фаќа око можам у сабота да го видам. Мада ако е од салон/дилер нема промашај таму мислам, али ако е од плац (арапи/турци/балканци) или од приватно лице е позезнато тогаш.
Овој салон е кај мене во градчето, таму на сервис ја носам, не ја купив од таму. Моментално немаат Sportsvan.´
Интересни понуди има, само некои за жал без слики... па малце тешко да разгледа:

https://www.fischer-schaedler.de/fahrzeug/Bad-Vilbel/BMW/225-Active/358395916/?class=Car&make=BMW&price_max=_30000&current_view=mobile&selected_grid=list&sort_field=price&sort_order=ASCENDING

Ваљда е 225хе или е некој 2.0 бензин... Ајде ќе пратиме па ако нешто интересно излезе ќе те имаме у план да ѕирнеш. Фала ти.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Golf Sportsvan 1.0 TSI
« Одговори #89 на: 28 Јануари 2023, 22:15:35 pm »
Ќе стават и фотки, така пишува, веројатно уште не ја испрале и налицкале па да и удрат фото сесија :)