31.05.2023 km: 57928 направена инспекција со промена на филтер за полен и свеќици. За ова не платив ништо зашто влага во месечниот пакет што го плаќам.
Го имав изгубено едниот клуч од колата, па нарачав нов, и климата не ладеше веќе како лани, па ја проверија и дополнија.
Цени:
клуч 185 еур
Разладна течност 6 еур
Кодирање на клуч 32 еур
Испуштање и дополна на разладно средство 79 еур
ДДВ 57
Се вкупно ~ 360 еур
Пријавив и крцкање во воланот, ми рекоа нарачале дел па да закажам нов термин за промена. Ова е бесплатно, под гаранција.
Исто пријавив дека менувањето брзини не е како путер, лани направиле корекција бесплатно, но без резултат. Сега ми рекоа дека се било во ред, и ако сакам да направат пак штелување, кое кошта 150 еур, ама не даваат гаранција дека ќе има промена. Решив да не го правам тоа сега, да не биде за џабе парите фрлени. Заменското возило кое ми го дадоа, беше ново, со 330 км, па исто ги шалташе брзините како мојата кола. Исто беше 1.0 TSI, но со 110 кс, менувач 6 брзини. Се мислам да идам во друг сервис да видам што ќе кажат за тоа со шалтањето.