За евиденција, вчера 28.05.2021, 2 год он кога е првично купена колата, на 15700 км , направен редовен сервис (промена на уље и филтер за полен) и инспекција. Следна инспекција за 1 година, а промена на уље за 2 год или 30К км. Направена и ротација на гумите.
Како се носи колата со 1.0ТСИ?
Моторчето е фино, се прилагодив спрема неговите можности и така ја возам колата. Можам да кажам дека е доволен за колата и дека мене ми врши работа, поготово што во Германија или возиш на автопат каде без проблем држи темпо 120-150 и не е заморно, или па возиш на регионални патишта каде се вози исто брзо и не сум имал потреба од претекнување искрено, па да фали некој Nm (има 200 Nm) за тоа да биде полесно.
Секако, би бил позадоволен со појакиот мотор, 1.5 TSI со 150 КС и 250 Nm, но во некоја друга прилика
Мене тоа ме сеќира. И кај мене пишува 2 години за сервис или 30000 км. Не ми се чека толку.
Јас ќе си терам според препорачаниот интервал, како пишува така, не мислам ич да се замарам за тоа. Дополнително што плаќам месечно за сервисите и инспекциите, па ако сакам нешто надвор од тој интервал, ќе треба екстра да си платам.