Вчера на 08.06.2022, км 36500 направена инспекција, сервис и технички преглед (валиден во наредни 2 години).
При инспекција проверени околу 30-40 ставки, меѓу кои и притисок во гуми и длабочина на шара на истите (7мм заведено).
Им спомнав дека некогаш, многу ретко се дешава со поврзан телефон на андроид ауто, со командите за гласност и на волан и на радио да се регулира само звукот за разговор, но не и гласноста на радиото или ако пушташ музика од друг извор. Со исклучување на кабелот на телефонот и враќање назад се оправаше. Инсталира нова верзија на софтверот за радиото, па ќе видиме.
Напоменав да го проверат шалтањето на брзините, дека некако покруто е на мојата споредено со заменаската која ја добив лани, иста како мојата. Таму идеше полесно, како стопен путер да сечеш со нож
Рекоа дека направиле некои подесувања, па ќе видам како ќе биде во иднина. Најтешко влагаше од 3та во 4та. На осет како да не е подмачкано нешто, така можам да го доловам.
Еве цените за сервисот:
1. Инспекција со промена на уље 128.98
2. Завртка 4.50
3. Филтер за уље 15.20
4. Заптивен прстен
5. Завртка 4.30
6. Моторно уље 4л 74.92
7. Дополнителна инспекција 57.32
8. Сервис на течност за сопирачките 42.99
9. Вентилирање на системот за куплунг 28.66
10. Течност за кочници 13.86
11. Комплет за фарови 14.33
12. Заменско возило 41.65
Вкупно 429.01
Вкупно со данок: 502.61
За плаќање 0.00, бидејќи имам месечен пакет за одржување од 30.39 еур. Опфаќа 20К км годишно и договорот трае 4 години.
За техничкиот преглед платив 148 еур. Мислам дека ако идам во Декра и правам таму сам ќе биде некое евро поефтино, но дупло замарање е така.
* за ставките во листата користев гугл транслејт, не замерувајте на лош и смешен превод