Автор Тема: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look  (Прочитано 36203 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #90 на: 18 Ноември 2020, 21:58:12 pm »
Пандата ако ја земам, не ја гледате више ;D Уште држат цена, иначе Панда, особено 4x4, ми е огромна желба да имам. :)

За налепницата, ќе ти пишам сега на ФБ, ќе се договориме за примопредаја :D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #91 на: 18 Ноември 2020, 21:59:30 pm »
Сакаш да кажеш назад трапот се врти за некој заб, напред се ставаат плочки за да се крене и тоа е тоа?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #92 на: 19 Ноември 2020, 12:42:44 pm »
Да не биде само лајкот, да, тоа е процедурата... :) Само треба да се има и осет за задниот трап, амортизерите да функционираат во својот идеален „од“.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #93 на: 21 Ноември 2020, 02:21:33 am »
Си размислил да одиш на 15'' челични? Ги има доста по огласи.

Мислам дека би имал поголем избор на повисоки гуми, а и дополнително би се поткренало.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #94 на: 21 Ноември 2020, 08:29:32 am »
Си размислил да одиш на 15'' челични? Ги има доста по огласи.

Мислам дека би имал поголем избор на повисоки гуми, а и дополнително би се поткренало.

Уште одма беше земено во предвид, знам и точно кои челични ги сакам - од Citroen C5 MK1. Тежат 4.5 кг по бандаж и многу луѓе по европа ги купуваат за track days зошто се доста лесни и имаат добар ET, мислам 18 или 19.

Сега за сега, цената на гумите не ми се допаѓа, треба да земам доста нестандардна димензија, или 185/65 или 195/60, што заедно со бандажите ќе ми дојде многу пари.

Дефинитивно не ја исклучувам можноста да ги набавам понатаму :)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #95 на: 21 Ноември 2020, 11:48:02 am »
Кога ке го крениш, таман повисока гума да собере  ;D

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #96 на: 21 Ноември 2020, 23:38:23 pm »
185,60 ти е постандардна димензија и не е многу скапа
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #97 на: 21 Ноември 2020, 23:51:39 pm »
185,60 ти е постандардна димензија и не е многу скапа

Needs more sidewall ;D Крофна гума треба за да изгледа убаво :)

Еве една сликица од денешната посета на Ковид жариштето:



На кратко, на големо изненадување, немаше забележливи промени во бука со калниците и магленките при автопат возење.

Единствена забележлива промена е минимално понервозното држење на пат при 140-150, очекувано од потесните гуми и бандажите со поголем офсет. Не ми смета, и онака најсреќно се чувствува колата на 120 и 3500 вртежи.

Друг впечаток во поглед на естетика, многу се израдував што дечиња покажуваат со прст кон колата и се смешкаат, и возрасни исто со насмевка ја проследуваат колата кога поминува. Ептен ми е мерак што количето прави некој да се поднасмее барем на момент :)

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute
« Одговори #98 на: 22 Ноември 2020, 00:13:52 am »
Јас би додал уште две магленки ако се најдат исти, мислам дека уште поинтересно ќе биде.
185,60 ти е постандардна димензија и не е многу скапа
Друг впечаток во поглед на естетика, многу се израдував што дечиња покажуваат со прст кон колата и се смешкаат, и возрасни исто со насмевка ја проследуваат колата кога поминува. Ептен ми е мерак што количето прави некој да се поднасмее барем на момент :)
Истото чувство го имав лани пред нова година кога го украсив кадетчето со рогчиња, новогодишни украсни траки на браниците и сијалички на задниот браник. Во Скопје гледав често украсени коли, ама во Велес бев прва будала 😂 и немаше некој шо не се вртеше, смешкаше, покажуваше со прст... Годинава планирам југцето да го украсувам, нарачав и дополнителни работи од кај чичко али, ама прашање е дали ќе стасаат...
« Последно менување: 22 Ноември 2020, 01:33:07 am МулевР »
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #99 на: 29 Ноември 2020, 16:33:22 pm »
Пежото од фабрика има перманентно активен 12V утикач (запалка), а мене ми требаше да се пали само со контакт, зошто го купив овој FM Transmitter и сакав да биде трајно уштекан, да не се замарам.

Како и со се во животот, прво тргам по комплицираниот пат ;D Прво ќе го вадев утикачот, па перманентно ќе го вградував трансмирерот во централната конзола со влечење други жици, па ми текна да ја носам колата на електричар да ми вградува прекинувачи...

А лекот бил 3 минути, само требало да седне некој и да изгугла :)



Осигурач бр. 23 (за 12V утикачот) се преместува во линија со останатите осигурачи и преминува од перманентно напојуван во напојуван само при даден контакт.

Можда ќе помогне на некој со Пежо 206 кој се соочува со сличен проблем. Да напоменам, ова важи само за 206ки произведени до септември 2001 година. За тие после, се е контролирано преку компјутер.

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #100 на: 29 Ноември 2020, 23:13:08 pm »
И на ксара е така, и на 306...и 406, итн.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #101 на: 20 Декември 2020, 02:39:47 am »
Сабота навечер, пред 12 месеци главев во Saloon со сумњиви друштва и љокавме пиво како да ќе снема.

Ме пукна некоја носталгија за тој живот, па не ме фаќа сон... Сега, среќа имам издувен вентил :)

Си излегов, си свртев некое крукче низ град (видов Honda Civic Type R (EG или ЕК, жолт) и отидов да ги исперам маките :) Затоа што немаше никој, го прашав човекот што чува таму дали може и со ракавица да ја пројдам (обично се бунат) и ми дозволи.

После во гаража си ја избришав водата што не падна по пат, си ставив К2 Bold на гуми, пластики и калници, и Sonax BSD на остатокот од колата.


Отсутен ZombieMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #102 на: 20 Декември 2020, 15:01:46 pm »
Еве ти една од мене


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #103 на: 20 Декември 2020, 17:42:29 pm »
Хаха фала ти! :)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #104 на: 20 Декември 2020, 18:05:37 pm »
Кога ќе видам вака француз клекнат назад, а напред кренат ме фаќа уплав  ;D Среќа измислиле луѓето lowering springs  :)

И океј ти е идеата за 206 рели,  ама дај клај бели алуминиумски бандажи, немој со овие фичо бадажи, за никаде е