Фала дечки. Да се враќа
Најлошо искуство во целото патување го имав на Батровци на влез во Хрватска, каде чекавме 2 часа ако не и повеќе во колона. Ужас невиден. Ако ве носи патот натаму, барајте алтернатива. Јас се покајав што не отидов преку Бачка Паланка.
Во однос на патна инфраструктура, дефинитивно Австрија беше најлоша за возење. Има доста реновирање на патиштата, ама и тоа што го имаат - а се вози со 130, не е баш на најдобро ниво. Има едно досадна нерамина по целиот пат, дали намерно тоа го прават така - не знам.
Во секој случај, теренот на кој што работат е mindblowing. Такви автопатишта на таков терен - секоја чест.
За разлика од нив Чесите и Словенците имаат одлични автопати, како и споредни патишта. Чешка особено ја извозев по сите можни патишта, од селски до автопати и сите без исклучок беа во безпрекорна состојба.
Дрезден - мала е делницата на Autobahn (A17) ама ја стиснав таму и навистина зачудувачки колку самодоверба дава патот со јаки брзини преку 200 km/h иако самиот асфалт не е нешто путер мазен.
Унгарија беше добар патот, но ЕПТЕН гужва со камиони по цел автопат. Јас такво нешто во животот немам видено. Единствен лош пат беше до Келебија (очекувано), а особено што Google Maps ме начука во самата Келебија и патиштата што одат во и од Келебија беа доста лоши.
На Келебија поминав за 14 минути, а на Хоргош чекаа 2 саати. Гледав преку BorderWatch апликацијата.
Едит: Исто низ сите градови возев, не користев јавен превоз. Секаде беше добро. Паркинзите беа супер. Зачудувачки најевтин паркинг платив во Виена. Parkopedia saved the day. Паркирав на паркингот на подземниот паркинг на Технички факултет во Виена. 8 саати - 8 евра така нешто.