Вчера на 13.08.2026 на 61231km оставено возилото на редовен сервис,променето масло во моторот и филтер,променет филтер за гориво,променето масло во менувачот(филтерот не е наведен дека е променет).
Прашав за сервисен интервал на маслото во диференцијалот и во Quattro Ultra спојка ,но ми рекао дена е лајфтајм

.
Извршена е целосна инспекција на возилото.
Како заменско возило добив Ауди А1 спортбак 2025 со поминати 19000км со 1000цц бензински мотор,за кратки релации и за низ град одлично возило.



Последниве неколку недели возилото доста се возеше.Гутерслох преку Австрија-Словенија-Хрватска-Србија-Македонија,по бордот 2012 км-24:14 ч,просечна брзина 83км/ч-(имаше некоја сообраќајка во Хрватска возев околу 100км по селски пат),по борд а и по мои пресметки потрошувачката испадна околу 5,8л/100км.
Се возеше до Грчка-јонски брег.
И пак по истата рута се вратив назад,2009км-21:25ч,просечна брзина 94км/ч и потрошувачка по борд и по мои пресметки 5,9 л/100км.
Поминати 5400+км за 3 недели без проблеми и со многу уживање.


