Еве ме после некои 2 и пол години отсуство, по молба на Класниот
и чат пат читање на форумов, решив да ја отворам темава.
За оние кои не знаат, некаде јули месец се подновив (за прв пат) во животот со нова кола, од салон.
Се работи за Skoda Octavia четврта генерација (A8 моделска верзија) со 1.5 TSI - 150 КС мотор и 6 степен рачен менувач.
Боја: Lava Blue
Направив некаде над 3000км со неа, па ќе споделам и искуства со колава.
Бев во потрага по нова кола веќе некое време, возев неколку модели на тест.
Буквално ставав на кантар се што може да се земе во предвид (моторизација, дизајн, комоција, технологии, претходни искуства со бренд, reviews на YouTube ...), сите понуди ги гледав од А до Ш, но главно ми беше габарит/комоцијата и да не биде веќе дизел, значи исклучиво бензинец барав.
Од сета понуда што беше на пазарот, јас лично се сведив на два модели:
- Новата Октавија
- Новата Corolla Hybrid караван (CVT
)
Жена ми сакаше Hyundai Tuscon. Направивме тест возење на атмосферецот, навистина ОК возилце за SUV, релативно комотно за седење, имаше доста опрема, ОК материјали и ОК багажен просторот, ама моторот беше во најмала рака тиња. Знам дека има дечки што зедоа тука Sportage и мислам Tuscon со овој мотор, ама не знам, мене лично многу лош мотор во однос на перформанси, а најмногу лошо се изненадов во потрошувачка (во споредба со перформанси). Од МИДА излегоа во пресрет као да донесат турбо бензинец (црвена боја) со спецификации што барав. Long story short - не се одлучив откако ја видовме Октавијата откако после месеци чекање ја донесоа во Порше.
Првата вечер само што ја донесоа бевме и навистина ни се допадна и е светлосни години разлика од претходниот модел.
Падна одлуката за Октавија. Октавија караван да, ама не гледав причина бидејќи речиси идентична и не гледав причина да давам плус пари за малку повеќе простор.
Ја порачав во Јосифов Битола, со доста повеќе опрема од стандард.
Од плус опрема има
- Хром пакет целосен
- 17 инчни Rotare Aero бандаши (барав друг модел, ама немаа во таа пратка јбг)
- Затемнети стакла назад
- Ролетни назад комплет (врати и петта врата)
- Комплет air bags
- Паркинг сензори напред назад со Maneuver Assist.
- Висинско подесување на возачко и совозачко седиште
- Електрични преклопливи ретровизори
- Ambient light
- Држач за таблет назад.
- Темпомат
- Бришач на задно стакло
- Care Connect услуги (мобилна апликација) 1 година
Во основната опрема има многу ќе издвојам нешто
- 8.25' екран
- Virtual Cockpit (дигитална шалт табла)
- Lane Assist
- Climatronic
- Hill Hold
- DAB
- LED светла (факинг WOW)
Откако ја зедов ја однесов во Samad за навлаки на седишта.
@Samad супер си ја завршија работата. Одбравме дезен ист како фабричкиот. Излезе топ.
Патосници Glendering - не можам да ги пофалам доволно!
Силиконска навлака на воланот.
Пред две недели отиде кај
@dame со мислам една од подобрите керамики што ги нуди и мајсторски ја изработи! Само пофални зборови имам! Колата буквално се трансформира.
За потрошувачка, ќе спомнам ама повеќето нема да ми веруваат за бројките, ама ете нека стојат како податок. Не навлегувам во докажувања
Во последните 3000км просечна потрошувачка ми е 5.6l/100km комбинирано со клима.
Градска отприлика 6.5-6.8l/100km. Кога беше 40*C тргни застани сообраќај можеше да крене до кај 8l сообраќај.
Ако е малку растеретен сообраќајот знае 5.9-6l/100km.
Отворено 4.2-4.3l/100km (просек) возење 120-130км/ч каде дозволува патот отприлика 10% над дозволената. Така горе долу тие се бројките од 5.6l/100km. Значи ја неам бркано многу башка нов мотор. Нормално возење - фамилијарно.
Дека бордот лаже или не знам што, не може да лаже многу, башка откако ја зедов секогаш ја полнам до крај така што бројките се совпаѓаат.
Според мене има неколку причини за ова
- 2 cylinder mode
- Start & Stop градска
- Одлична аеродинамика (0.24 ако не се лажам)
- Гумите Michelin 205/55/17 (да чудна димензија, доста тесни)
Неколку работи ќе ги издвојам што ме изнервирале:
- Имаше една лоша вибрација во 2 cylinder mode на 1500 обртаи (јас го слушав, другите во кола не). На крај со dame установивме дека хаубата не беше добро балансирана и откако ја подесив уште малку речиси ги нема вибрациите. Пријавив во Porsche и Skoda.
- Start & Stop системот даде Error - во Порше веднаш го решија (некои параметри фабрички не беа добро подесени) за половина саат
- Еднаш покажа DRL error, некој контакт се олабавил - исто Porsche средија и од тогаш се нема појавено.
- Работата што најмногу ме нервира - Skoda Connect. Во основа можам со апликацијава се да правам со колата. Отворање/затворање на кола преку апликација, свирење, аблендирање, GPS tracking, потрошувачка, пријавување на грешки до Porsche, следење на возило. Е арно ама, не знам зошто доста од овие опции не работат во Македонија. Не е Skoda исклучок во ова туку и сите VAG возила. Имав размена на неколку mail-ови со Skoda HQ и нашиве од Porsche. Последно беше пред некој ден, каде добив ветување дека работат на проблемот и наскоро ќе биде решено.
- Кај ова ниво на опрема задните што светла не светат на багажникот простор. Софтверско ограничено. Глупости живи.
Во глобала морам да ги пофалам Porsche MK, доста добар customer care имаат. Се јавуваат, ме прашуваат дали е се во ред со возилото, пријавуваат се што имам замерки до Skoda, навистина коректен однос.
Малку долг пост ама ете
Знам дека некој ќе праша „Зошто не зеде DSG?".
- мислам дека не го нудат моментално за 1.5 TSI кај нас.
- Не знам, субјективно е ова, ама многу ми прави мерак шалтање брзини. Немам подобро објаснување. Муабетот за CVT ?