Здраво дечки.
Како што веројатно знаете, се подновив со Леон во јули месец годинава.
Како дилема/проблем ми остана Фиат Браво-то што го возев од 2010-та.
Колата е Fiat Bravo 1.9JTD, со 105 коња, произведено 2000 година.
- Регистрацијата и истече минатиот месец. Со мене има поминато 130000км, јас го купив со 123000 или така нешто. Сервисна книшка имам водено за се што сум менувал откако е во мој посед
- Механички е одличнa (уште ми стои на мајстор направена, ќе ја земам утре, се средуваше анлансерот и МАФ сензорот, варираа вртежите во место). Забелешка (нешто што се гледа и на сликите) е дека АБС-от ми свети. Претходниот мајстор кога ја менуваше десната полуосовина минатата година, ставил некоја без читач за АБС (барем така ми кажа сегашниов мајстор)
- Има и бааги козметички забелешки (излупен лак, болката на секое Браво од таа генерација, како и гребаници)
- Лани имам ставено нови летни Рикен гуми, ми нема никаква логика сега да го продадам за 400-500 евра.
Мене ако би ме прашале - сега би тргнал со него до Англија

Ама свесен сум дека годините го прават своето и тоа е тоа.
Не знам што да му правам, дали да го регистрирам и чувам како резервно возило или да го продадам.
Кај сите што прашав по огласи што откупуваат, ми нудат 400 евра. За таа цена би го чувал, искрено.
Не знам дали да ја регистрирам или да ја исчистам, исперам и ставам по огласи...
Еве сликички од колата, ве молам за совет.
https://ibb.co/album/wZNJVb