@GreenVlach Јас имав неколку пати прилика да се возам во Мусата (со 1,9 ЈТД) на еден пријател и колега, во кабината изненадува колку е комотна и колку простор има, како напред, така и позади на клупата. Хендикеп е што има релативно мал гепек, а би бил уште помал кога колата би била на плин (заради резервната гума). Како што кажа Симо, внатре е стварно убава и се гледа разлика од квалитетот на материјалите во внатрешноста, некако поелегантно и побогато изгледа.
Во однос на одржување, сигурно е 1,4 со 77 кс, не е нешто посебно захтевна кола, релативно ефтини сервиси и резервни делови, само да се прати ниво на маслото, знае да сркне малку повеќе ама све во граници на нормала. Се ова под услов да е здрава колата.