Автор Тема: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS  (Прочитано 4267 пати)

Отсутен vampo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
  • You miss 100% of shots you never take
VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« на: 14 Октомври 2020, 12:50:04 pm »
Хај дечки, дојде време да направам апгрејд на Пежото, кое морам да признаам дека топ ме служеше но желбата за поголемо фамилијарно возило + дизел беше поголема :)

Се работи за VW Tiguan Comfortline 2017та год, купено во Das Welt Auto (Порше Македонија) донесено од Германија со 150к поминати километри, сервисна книшка и 2 клуча.
Менувачот е DSG автоматик.

Од опрема има:

Hill Hold Assist
Distance Control
F1 Shift - Типтроник
Front Assist
Lane assist
Auto Hold
Cruise Control
Radio / CD
Start-Stop Систем
Алуминиумски Бандажи
Борд компјутер
Ел. Склопливи Ретровизори
Кожен Волан
Команди на Волан
Мерач на притисок во гуми
Навигација
Паркинг Сензори

Го нема новиот виртуелен кокпит и не е 4motion исто и нема позади камера, само сензори за паркирање.









Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #1 на: 14 Октомври 2020, 12:53:20 pm »
Честито нова кола!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #2 на: 14 Октомври 2020, 13:28:49 pm »
Со здравје да си го возиш, исто вакво од Германија си купија на жена ми нејзините и неможев да поверувам дека е со мануелна клима. Истово и кај тебе гледам, чудни германци. Колата дојде со кожни седишта, греење на ветробранско стакло ама со мануелна клима. Јебига, ќе се навикнеш.

Неколку пати сум го возел џипчево и само пофални зборови имам колку е комфорно на пат. Моторот е сосема ОК, не е ракета но си брка работа.


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #3 на: 14 Октомври 2020, 13:53:06 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #4 на: 14 Октомври 2020, 14:25:21 pm »
Честито!
Многу безбедни и евтини изминате километри по целиот свет  ;)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #5 на: 14 Октомври 2020, 14:26:21 pm »
Не му се приметуваат километрите, со здравје да се возиш.

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #6 на: 14 Октомври 2020, 14:29:46 pm »
Masala ubavo, so zdravje da se vozi.

Присутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #7 на: 14 Октомври 2020, 15:45:06 pm »
Со среќа да си ја возиш и да уживаш во него.
Две работи не ми се јасни. Што значи два кључа? Сум видел и на друго место у опис али не разбирам. И дали ти покажува негде колку притисок има во гумите?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #8 на: 14 Октомври 2020, 15:47:16 pm »
Едниот клуч за палење, другиот за вратите и гепек ;D

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #9 на: 14 Октомври 2020, 16:48:15 pm »
Честитки

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #10 на: 14 Октомври 2020, 17:00:21 pm »
Што значи два кључа? Сум видел и на друго место у опис али не разбирам.

Како паталец - јас ќе ти одговорам.

Леонот што го купив има само еден клуч со него (далечински). Ако го загубам (пу, пу) - го обрав пиперот.
Треба да направам копија за 3000 денари (и да ги избришам другите клучеви кои се меморирани во борд компјутерот), ама никако да дојде на ред од други трошоци.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #11 на: 14 Октомври 2020, 20:17:17 pm »
Со среќа да си ја возиш

Отсутен vampo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
  • You miss 100% of shots you never take
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #12 на: 24 Октомври 2020, 18:19:34 pm »
Благодарам дечки!

Уште го неам пробано на автопат, вака низ град е динамичен, не као Пежото, али се снаоѓам. Не сум научен на старт/стоп според мене нема логика некако. Мануелната клима брка работа, али мислам дека боље ќе беше аутоматска. Планирам сеа зимски гуми, ако има некој предлог за 215/65/17 пишете тука.

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #13 на: 24 Октомври 2020, 18:29:43 pm »
Jas start/stop go gasam samo so ke upalam kola. Ne go podnesuvam, a i mi nema nikakva logika

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: VW Tiguan 2017 2.0TDI 150KS
« Одговори #14 на: 24 Октомври 2020, 19:22:26 pm »
So zdravje da se voze, bezgrizni kilometri i kilometri :)

Nego pogolema glupost od Start/Stop nema, katastrofa nevidena, i samo nervoza prave nisto drugo, za tva prvo nesto sto pravam koga ja palam kolata, gasam Start/Stop. Kaj Giulietta-ta e ednas go izgases i potoa si ostanuva izgaseno i na narednoto palenje, a kaj Giulia-ta, mora na sekoe palenje da go gasam....
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI