Автор Тема: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?  (Прочитано 18295 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #45 на: 28 Август 2020, 20:50:29 pm »
1.0 Gse 120ks Бензин 17.550 еу
1.6 Multijet Дизел 120ks 19.800 еу

https://carstore.automobilesk.mk/vozila-na-lager/?make=jeep&serie=renegade&max_price=
Јака цена извадиле, јас го сметав дека е поскапо. Солидна опција.

Имаа добри цени уште кога го возевме ние Ренегејдот.

--

Еве тест: https://www.carclub.mk/2020/01/27/test-jeep-renegade-2-0-crd-4wd-atx-limited-ignorirajte-gi-dimenziite-renegade-e-voinstven-urban-suv/

Мене ептен ми направи мерак. Добро ми изгледа, деталите се интересни. Пластиките внатре се малку мех во однос на конкуренција, ама overall е многу интересно возилце.

:-[

Него, доста добра опција би било и Hyundai Kona

ss.lv/msg/lv/transport/cars/hyundai/kona/bpdghj.html

Одлична! И бидејќи човекот прашува за цени на ново возило во Македонија, не половно во Латвија, еве информации и официјален ценовник за Kona во Македонија

И кога сме веќе тука, еве и тест: https://www.carclub.mk/2019/04/09/test-hyundai-kona-1-6-7dct-4wd-premium-hrabro-za-hrabrite/

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #46 на: 28 Август 2020, 20:54:52 pm »
:-[

Него, доста добра опција би било и Hyundai Kona

ss.lv/msg/lv/transport/cars/hyundai/kona/bpdghj.html

Ако се нафатиш да му средиш давачки до регистрација, одлична!

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #47 на: 28 Август 2020, 21:13:01 pm »
1.0 Gse 120ks Бензин 17.550 еу
1.6 Multijet Дизел 120ks 19.800 еу

https://carstore.automobilesk.mk/vozila-na-lager/?make=jeep&serie=renegade&max_price=


Лудница и железарници!
Мислев дека се многу поскапи од ова.

Како е овој 1.0 GSE 120 КС - мислење?
Зборам за нормално користење, не за влечење максимум од џипот.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #48 на: 28 Август 2020, 21:17:48 pm »
Колку што знам, нов е моторот, не ми се верува дека некој има некакво конкретно искуство со него.

Би требало да е сосем океј моторчето.

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #49 на: 28 Август 2020, 21:29:50 pm »
Gse-Global Small Engine e нов малолитражен мотор излезен во 2016 година од Fiat.
Постои во верзии атмосферски и со турбо.
Овој во Renegade е со турбо. Во град не би требало да троши повеќе од 8 литра. Во проспект пишува 6.1.
Ако тси, екобуст и слични се ок, не гледам зошто и овој не би бил.
Возев на еден ден Gse атмосферец, мислење посебно немам. Атмосферец ко атмосферец.
« Последно менување: 28 Август 2020, 21:42:53 pm Ducky »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #50 на: 28 Август 2020, 21:44:23 pm »
1.0 Gse 120ks Бензин 17.550 еу
1.6 Multijet Дизел 120ks 19.800 еу

https://carstore.automobilesk.mk/vozila-na-lager/?make=jeep&serie=renegade&max_price=
Јака цена извадиле, јас го сметав дека е поскапо. Солидна опција.

Имаа добри цени уште кога го возевме ние Ренегејдот.

--

Еве тест: https://www.carclub.mk/2020/01/27/test-jeep-renegade-2-0-crd-4wd-atx-limited-ignorirajte-gi-dimenziite-renegade-e-voinstven-urban-suv/

Мене ептен ми направи мерак. Добро ми изгледа, деталите се интересни. Пластиките внатре се малку мех во однос на конкуренција, ама overall е многу интересно возилце.

:-[

Него, доста добра опција би било и Hyundai Kona

ss.lv/msg/lv/transport/cars/hyundai/kona/bpdghj.html

Одлична! И бидејќи човекот прашува за цени на ново возило во Македонија, не половно во Латвија, еве информации и официјален ценовник за Kona во Македонија

И кога сме веќе тука, еве и тест: https://www.carclub.mk/2019/04/09/test-hyundai-kona-1-6-7dct-4wd-premium-hrabro-za-hrabrite/
Врати се на прва страна човекот никаде не прашува конкретно за цена, туку бара помош/искуство/мислење во врска со некои автомобили. Како пример го додадов и Хјундаито со линк и слики да се види како изгледа во реалност. Ако си толку наивен дека конкретно ова од линков мора да го купи ондак избриши ми го мислењето за да не дојде до недоразбирање. Цените на сите овие модели што се дискутираат се горе-долу слични.

Цените на нови автомобили во Македонија и кај мене се многу слични, нормално можно е да има поголеми разлики некаде, така да повторно не гледам зошто упорно го тупиш од твоја страна. Не живеам во Холандија сепак.

Основна Кона во Македонија со 1.0 турбо 16900 ЕУР; во Латвија 16.600.

http://hyundai-mk.mk/upload/document/kona.pdf
https://www.skandimotors.lv/jauns-auto/hyundai-kona/cenas/


Отсутен martint

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #51 на: 29 Август 2020, 00:42:32 am »
Фала ви сите на сугестии. Мислам дека видов се што има на пазар моментално да се понуди.

Од опциите што ги пишавте тука:

Кона - мала
Пума - скапа
Каптур - мала
Ренегејд - мала
Туксон - исто како Спортаж колку што сватив, само поскапо, не знам зашто би платил екстра кеш за ова

Ми треба голем багажник, дигнато од земја. Преферирам бензин мотор зашто не возам повеќе од 10к во година, и тоа главно надвор од град, и по планини. За дизелите доста читав, дека новата АдБлу технологија доста смалува емисии, и може да ги врати дизелите во игра, ама страв ми е дека ако купам дизел сега, за 10 години нема да можам да го продадам.

Исто естетика на кола не ми мења многу, дури сакам коли што изгледаат постаро. Новиве некако многу ми се измазнети и избледени. Ако ме прашаш, од сите што ги видов, Дачиа Дастерот стварно ми се свиѓа како изгледа од надвор, и дури сум на мисла и за него, само NCAP рејтингот од 3ка ми мати вода.

Ниту се палам посебно на спортска вожња, или ми значи нешто како влечел моторот. Колата ми е да ме однесе од А до Б, ништо повеќе. Моментално возам 1.4 бензин, и се мачи на поголема угорница, ама не ми смета нешто посебно, и не би платил екстра кеш за појак мотор.

Така да моментално, сум фиксиран на овие 3 опции: С-крос, Спортаж и Карок.

С-кросот најмногу ми фаќа око, само не можам многу информации на нет да најдам за него, посебно не за хибрид варијантата, зашто годинава е излезена и уште слабо се продава. И најмногу ме изнервира на Миркат гаранцијата од 5 години, што уствари е гаранција од 3 години.

Карокот ми е втора опција, само се мислам меѓу 1.0 турбо мотор и 1.5 турбо мотор. Тоа 1.0 ми изгледа страшно мало, и кога ќе влеземе четворица, плус товар во колата, ми е страв дека нема да можам на Шапка да се качам со неа. Во Шкода немаат ниту една тест кола 1.0, ниту други модели со истиот мотор, така да се плашам да ја земам без тест вожња. За 1.5 треба да доплатам плус ~1500 евра. Иако на хартија и 1.0 бензин има 115 коња, што не е лошо, за мене.
« Последно менување: 29 Август 2020, 01:28:53 am martint »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #52 на: 29 Август 2020, 00:44:41 am »
Цепај Киата тогаш и не му ја мисли многу  :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #53 на: 29 Август 2020, 06:50:47 am »
Бараш багажник, дигнато од земја, бензин, ќе возиш по шумама и горама, па:
http://m.reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=3176693 - Хантер, ги исполнува сите услови.

http://m.reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=3619948 - пикап, исто така исполнува се.

http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3506411 -Буханка, огромен багажник, 4х4...

Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #54 на: 29 Август 2020, 07:56:57 am »
Фала ви сите на сугестии. Мислам дека видов се што има на пазар моментално да се понуди.

Од опциите што ги пишавте тука:

Кона - мала
Пума - скапа
Каптур - мала
Ренегејд - мала
Туксон - исто како Спортаж колку што сватив, само поскапо, не знам зашто би платил екстра кеш за ова

Ми треба голем багажник, дигнато од земја. Преферирам бензин мотор зашто не возам повеќе од 10к во година, и тоа главно надвор од град, и по планини. За дизелите доста читав, дека новата АдБлу технологија доста смалува емисии, и може да ги врати дизелите во игра, ама страв ми е дека ако купам дизел сега, за 10 години нема да можам да го продадам.

Исто естетика на кола не ми мења многу, дури сакам коли што изгледаат постаро. Новиве некако многу ми се измазнети и избледени. Ако ме прашаш, од сите што ги видов, Дачиа Дастерот стварно ми се свиѓа како изгледа од надвор, и дури сум на мисла и за него, само NCAP рејтингот од 3ка ми мати вода.

Ниту се палам посебно на спортска вожња, или ми значи нешто како влечел моторот. Колата ми е да ме однесе од А до Б, ништо повеќе. Моментално возам 1.4 бензин, и се мачи на поголема угорница, ама не ми смета нешто посебно, и не би платил екстра кеш за појак мотор.

Така да моментално, сум фиксиран на овие 3 опции: С-крос, Спортаж и Карок.

С-кросот најмногу ми фаќа око, само не можам многу информации на нет да најдам за него, посебно не за хибрид варијантата, зашто годинава е излезена и уште слабо се продава. И најмногу ме изнервира на Миркат гаранцијата од 5 години, што уствари е гаранција од 3 години.

Карокот ми е втора опција, само се мислам меѓу 1.0 турбо мотор и 1.5 турбо мотор. Тоа 1.0 ми изгледа страшно мало, и кога ќе влеземе четворица, плус товар во колата, ми е страв дека нема да можам на Шапка да се качам со неа. Во Шкода немаат ниту една тест кола 1.0, ниту други модели со истиот мотор, така да се плашам да ја земам без тест вожња. За 1.5 треба да доплатам плус ~1500 евра. Иако на хартија и 1.0 бензин има 115 коња, што не е лошо, за мене.
Супер, ете си скратил многу од опциите. Со здравје да се вози избраникот, е сега дали Скросс или Спортаж останува на тебе. Во секој случај не заборавај да кажеш што биднало, кога ќе избереш. Во секој случај и двете се супер избор како коли.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #55 на: 29 Август 2020, 10:06:46 am »
Во димензии најмал е Скрос, па Карок, најголем е Спортаж, што значи дека ако Скросот ти ги задоволува потребите, Спортажот би ти бил преголем.

Од моторите најмоќен е на Скрос, па Карок, и најслаб е на Спортажот (повеќе го гледам торкот отколку коњите).

Претпоставувам дека тука се со цените.

Знам дека се крши филмот кога ќе се соочиш со педерски муабети и кога не можеш да извозиш тест вожња. И јас се имав соочени со такви моменти.
Еве како јас резонирав.
Гаранцијата не ми беше преголем одлучувачки фактор, да не кажам дека ако нешто не е како треба ќе исплива на површина уште во првата година.

Тест возење со соодверниот мотор ми беше обавезно, особено за малите турбаши, во тоа време успеав само со 1.2 тси во Ибица, но сакав да видам како ќе се понаша во Спејсбек Шкода, 1.0 во Фокус итн.
Пред скоро време го возев 1.0 (100коњи) во Фокус и можам да кажам дека во споредба со 1.4 (100коњи) атмо во i30 е многу поагилен во градска вожња, на автопат се тука некаде, но е многу поекономичен. Со еден збор 1.0 екобуст е поконкурентен од 1.4 атмо.
Оттука не би бил премногу загрижен за моторчето 1.0 во Карокот, сигурен сум дека ќе биде на исто рамниште со 1.6 на Спортажот но многу поекономичен.

Најмногу внимание обрнав на возачка позиција, односно како ќе се наместам зад волан и како ќе се чувствувам. Ова бидејки го папав со претходната кола каде по 100 извозени км се чувствував претепан.

На папир мене ми изгледа Карокот како златна средина и најдобар избор.
Но најважно е како се чувствуваш зад волан.

« Последно менување: 29 Август 2020, 10:29:19 am Mikius »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #56 на: 29 Август 2020, 10:24:34 am »
Mikius грешка да не си за спортажот или збораш за обичниот мотор без турбо,  1.6 турбо има 265нм,  с крос е 220, подвознувам туксон на другар со истиот мотор горе долу ист е со спортажот колата влечи корни, како сам така и натоварен, за комфор лична работа е, овој што го возев јас беше со највисока опрема, јас лично никаков замор не осетив.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #57 на: 29 Август 2020, 10:28:55 am »
Обичниот без турбо, не сум ги разгледувал скоро цените но претпоставувам дека е во тој ранг.

Тој со турбо би требало да е поскап, односно ако е со цена како Скрос и Карок веќе е друг муабетот.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #58 на: 29 Август 2020, 10:39:16 am »
1.0 тси во Карок е класи над 1.6 атмото во Спортажот така да искачување угорници нема теоретска шанса да ти претставува проблем. Јас би идел на Карокот или Спортаж ама со турбо бензинец.

п.с. а да видиш каптур многу е добар!!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #59 на: 29 Август 2020, 11:07:14 am »
Zemi 1.5turbo mnogu poubavo e da imas rezerva za nedajboze koga ke ti zatreba. Ne deka i 1.0 nema da ti brka rabota ama ednas kupuvas posle nema nazad

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk