S-Cross-от е попростран од Витарата, и има далеку подобра прегледност. Кај С-кросот мислам дека добацувам еден цел метар повеке напред од Витарата кај која предниот дел е рамен.
Надворешно Витарата е поубава и има повеке опции за костумизација. С-кросот ми е некако попластичен од Витарата.
Внатрешно се слични, но доволно различни, и С-кросот ми е поубав, но Витарата е пофункционална (саатот, и усб приклучокот кој кај С-Кросот заради некоја причина беше само под наслонот за рака. и кај двете тој екранот е за никаде.
Седењето исто така има мала разлика, т.е. просторот кај нозете. Не знам колку е висок членот, но тие неколку сантиметри кај С-кросот правеа голема разлика кај мене, со тоа што имав повеке простор за десната нога.
Витарата е полесна, а со тоа и постартна во гратска вожња, но С-кросот е постабилен на отворен пат. Мислам дека Витарата може да помине со 1.0 моторот, додека С-кросс мора 1.4 минимум.
Се на се, јас го препочитам С-кросот пред Витарата, но сеедно, кога продавачите се вообразени и арогантни, и цитирам 'не може да постасат да увозат колку што може да продадат' (битно да напоменам ова се дешаваше кога ја чекаа првата пратка од Jimmy и беа видно возбудени дека беше распродадена или така нешто). Професионалноста на сервисот не знам, но гратис ти е понашањето ако се обидеш да прашаш дали имаат некаков план или информации за колку би коштале наредните сервиси. За моја срека (или несрека) пред да одам во Сузуки бев во Хонда и Тојота, и им извадив сервисни листи од Хонда и Тојота, на што само бледо ме погледнаа.
После тоа бев во Мазда, тие пак будали треба да ги молиш пари да им дадеш.
Swift-от е најубав таму и закон количе за низ град, и прв избор според мене во споредба со конкуренцијата од тој сегмент.
Киа Спортажот изгледа како подобра кола од С-кросот на хартија, али грд у пм (според мене), но и поскап, и мислам многу повеке троши, а оди побавно од С-кросот. Неговиот брат близнак, Хундаи Тускот е многу поубав од Спортажот, али тој бензински мотор со 136 кс е за никаде на таа кола. 3 пати го возев Тусконот на пријател, и јбг не е за мене, бидејки кога возам понекогаш имам потреба да претицам некој, а и не сакам секое преминување на aвтобус или kамион да ми е животно-загрижувачко и со страв дали ке забрзам доволно, што не е проблем кај С-кросот.
Шкода не знам, таму не влегувам.