Автор Тема: Yugo Cabrio 1.3 '93  (Прочитано 32694 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #60 на: 22 Ноември 2020, 21:19:53 pm »
На атест не поминуваше бушење, мораше плочка.

Мислам Томица не планира плин.

Ми улета и овој 32/36 и ми се виде интересен во рекламирањето :)
Што е разлика меѓу овој и 34/34?

https://www.pegasusautoracing.com/productselection.asp?Product=1580

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #61 на: 22 Ноември 2020, 21:34:25 pm »
Едни носеа ознака MGV, други ICEV.
Мислам дека еден од овие со една од ознаките беше копија.

Се 30/32 означува дека ширината на примарното грло (кај лептирот за гаста, на долниот дел од карбураторот е 30 мм, додека на второто дополнително кое го активираш таму кога ќе притиснеш гас повеќе од половина е 32 мм).

Исто така има разлика и во дифузерот, тоа е стеснетиот дел на карбураторот помеѓу долното грло (тие 30/32) и горните кај филтерот за воздух.

Ги има ако не се лажам со 21, 22 и 24 мм ширина на дифузер.

Што пошироки грла и дифузери, со соодветни дизни нормално ќе има повеќе сила, поголема мешавина на воздух/гориво ќе повлече моторот.

Искрено за возила што користат карбуратор (воедно имаат и плин), нема подобро од веберот.
Си има самиот баш точно на дифузерот да се избуши, (на сликата подоле со заокружено црвено) да се наштрафи цефче и тука да се постави цревото за плин и мешавината на плин/воздух се одвива внатре во самиот карбуратор, а не со плочка врз карбураторот.
Многу подобра солуција отколку со плочка врз карбураторот.

Баш ме интересира Томица да видиш дали на тој 30/32 што го имаш има опција за двете грла да може да се избуши, значи за двете грла  посебно црево за плин.
Еве слика да видиш, дали за двете грла има вакво нешто (заокруженото со црвено) да може да се избуши за цефче за плин ?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Еве со 34/34 карбуратор видео ;D

Убаво објаснето, има за плин за двете грла, 30/32 DMTE 80/150 е фабричкиот, ќе брка работа и овој не дека нема, ама дур не пробам "поголем" нема да знам, иако секоја дополнителна модификација на усис/издув си повлекува и брегаста, штелување...

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #62 на: 22 Ноември 2020, 21:45:25 pm »
На атест не поминуваше бушење, мораше плочка.

Мислам Томица не планира плин.

Ми улета и овој 32/36 и ми се виде интересен во рекламирањето :)
Што е разлика меѓу овој и 34/34?

https://www.pegasusautoracing.com/productselection.asp?Product=1580

На атест со плочка, потоа си го бушиш карбураторот и си тераш.

Иначе ете си пишува, за 1600 и 2000.

Еве што е разлика.
34/34, значи долните грла кај лептирот се 3.4 цм широки.
3.4х3.4х3.14/4=9.07 цм квадратни.
И другото грло исто, значи вкупно двете грла имаат плоштина од 18.14 цм квадратни.

Овој 32/36,
3.2х3.2х3.14/4=8.03
3.6х3.6х3.14/4=10.17

10.17+8.03= 18.2 цм квадратни плоштина.

На максимална сила да бараш би требало да се исти, додека за секојдневно возење, 32/36 би требало да е поекономичен заради потесното грло.


Кај мене е така, 28/30 ми се грлата на карбураторот. Демек за поекономично додека ја возиш онака нормално (а уствари исто и се фаќа, дали ќе бидам нежен на педалата и не повеќе од 2000-2200 обртаи или ќе ја терам до 3000-3500 исто и се фаќа, си лапа, дрчна е за плин)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #63 на: 22 Ноември 2020, 21:51:55 pm »
Ова ќе биде на бензин, не планирам на плин да се вози.
Демек поекономично, а кога ќе ја цапнеш гаста и кога ќе го чуеш никад не си под 2000врт/мин.
Се влага како опција, јас би бил најсреќен со 2 x Dellorto DHLA 40 или 2 x Solex C40 DDH, ама за да не претеруваме доволно е 34/34, па и 32/34 DMTR.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #64 на: 22 Ноември 2020, 21:56:01 pm »
Нема врска плин/бензин.
Поентата на грлата е таа.
Првото грло на кое најчесто се вози колата е потесно за да биде поекономична додека возиш нормално, шалташ на 2000-2500 вртежи.

Ама кога ќе видиш, ете на видеото во коментари тој што го ставил видеото пишува какви модификации правел, со обработена глава од 1.1, со друга брегаста, итн.

Значи не е само до карбураторот.

Но како и да е, на пример јас да ставам двогрли веберов кај мене, макар и 30/32 со бушен од страна за плин, ќе се препороди за разлика од оригиналот што сега го возам.
Ама некако не ми се прават модификации засега

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #65 на: 22 Ноември 2020, 22:02:17 pm »
Нема врска плин/бензин.
Поентата на грлата е таа.
Првото грло на кое најчесто се вози колата е потесно за да биде поекономична додека возиш нормално, шалташ на 2000-2500 вртежи.

Ама кога ќе видиш, ете на видеото во коментари тој што го ставил видеото пишува какви модификации правел, со обработена глава од 1.1, со друга брегаста, итн.

Значи не е само до карбураторот.

Но како и да е, на пример јас да ставам двогрли веберов кај мене, макар и 30/32 со бушен од страна за плин, ќе се препороди за разлика од оригиналот што сега го возам.
Ама некако не ми се прават модификации засега

Па тоа викам и јас, си бара брегаста и средена глава, не е само карбураторот.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #66 на: 22 Ноември 2020, 22:11:02 pm »
Се имам возено во ова 101но од клипот на Деки во Нови Сад. 4ца во кола и до 160 ги зема на мајтап. Мотор има од Фиат купе 1.3 со 73 или 76кс. Штета го продаде.

Томица со толкави карбуратори на овај мотор ке ги имаш истите проблеми ко Филип, само ке преусисва и премногу ке троши. Остај си стандард,уживај на сонцето и вози се. За лудвање ке најдиме друга школка со 1.4т јет
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #67 на: 22 Ноември 2020, 22:21:09 pm »
Усисна грана, брегаста, издувна грана...коњ ваму, коњ таму...

Јас бев презадоволен од разликата што ја добив само со двгрлиот карбуратор од Ритмото, не ни знам дали беше Вебер а не па кој Вебер :)
Тој од 60ката беше така/така, мислам дека не беше како што треба, односно сигурно му требаше ултразвукче како што му направив на Типото во сервисче карши мртв, ама во тоа време не ни знаев за такво чистење :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #68 на: 23 Ноември 2020, 08:49:25 am »
Се имам возено во ова 101но од клипот на Деки во Нови Сад. 4ца во кола и до 160 ги зема на мајтап. Мотор има од Фиат купе 1.3 со 73 или 76кс. Штета го продаде.

Томица со толкави карбуратори на овај мотор ке ги имаш истите проблеми ко Филип, само ке преусисва и премногу ке троши. Остај си стандард,уживај на сонцето и вози се. За лудвање ке најдиме друга школка со 1.4т јет
Филип беше мавнат со десна полуосовина, ама лошо го имаше крстачот закачено  ;D ;D
Школка има, пари нема  ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #69 на: 23 Ноември 2020, 10:17:50 am »
За да бапниш јак карбуратор, треба повеќе работи да смениш. Луѓето мислат ќе ставам 40 DCOE и ајде...220 ќе вози Југото ;D

Вентили, брегасти, компресии...си има што и како :)


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #70 на: 23 Ноември 2020, 13:03:48 pm »
За да бапниш јак карбуратор, треба повеќе работи да смениш. Луѓето мислат ќе ставам 40 DCOE и ајде...220 ќе вози Југото ;D

Вентили, брегасти, компресии...си има што и како :)


Па знам де :D
Затоа барам нешто нормално во вид на 34/34 DMTR :D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #71 на: 24 Ноември 2020, 16:29:28 pm »
Некоја сликичка од досега сработеното  :)








Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #72 на: 24 Ноември 2020, 16:32:42 pm »
И дворот среден, машала машала ;D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #73 на: 24 Ноември 2020, 16:50:37 pm »
И дворот среден, машала машала ;D
Ќути редно беше... :D

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Yugo Cabrio 1.3 '93
« Одговори #74 на: 24 Ноември 2020, 17:25:53 pm »
Со бандажи шо направи ?
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i