Здраво,
имам Астра Х 2005то годиште, и ми испаднаа проблеми некои со колата. Моторот уште од претходниот соптсвеник бил отворан, дознав пред негде месец дена од мајсторот што ми ја праеше, почна да ми чука после три години откако ми е купена. Сменети лагери на радилица, радилица, и све тоа што треба као поевтина варијанта, али почна да ми чука пак и ќе мењам мотор, а и турбината не е добра, има луфта и го има стругано куќиштето, ама мислим дека не многу, па ми треба ваша препорука:
дали да ја репарирам турбината, или дали да земем половна исправна турбина? Што би ми се исплатило појќе, која е подобра опција?