Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 271743 пати)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2315
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1770 на: 08 Декември 2025, 01:56:45 am »
Чекајте бе другари, на стаза ли возите што ви треба толку премиум гуми летни и зимски? Или цело време 200 возите на автопат и тоа цик цак па да не ве изненади? Разбирам за луѓе што цело време патуваат поради работа или друга причина, ама за еднаш или два пати во годината што ќе мрднам на одмор? Башка кај нас уназад години, скоро и да нема зима. Целосезонски гуми во моментов мислам дека потполно ги исполнуваат условите, зборам за нормално возило и за нормално возење.

Не е прашањето дали се вози  на стаза,прашањето е колку 2м или 3м порано запирање на возилото се важни при нагло сопирање,или таа побрза промена на правец на возилото при избегнување .Се до тој момент и алл сезон,кинеска,буџет,премиум гума ќе изгледаат исто и нема да имаат разлика,но кога ќе дојде тој момент секој цм е важен.

Возило од 1.5-2т прилепен е за асфлатот на една гума со површина колку човечка шака/рака,според мене тој контакт сакам да биде што подобар.Ако има можност секогаш би ги одбрал најдобрите пневматици кои можам да си ги дозволам.За втор сет на гуми би издвоил уште 500-1000е без размислување.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4642
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1771 на: 08 Декември 2025, 07:46:41 am »
Многу е нереално да се очекува дека all season гума е подобра и од летни и од зимски гуми, но е тука негде ептен блиску до перформансите и на двата типа гуми во нивните сезони. Има еден куп тестови за тоа. После извозени 90К со првиот сет Goodyear Vector 4s 2nd gen, и тоа 90% по автопат и отворен пат во Германија, без никакви проблеми и летно и зимно време, возени и на снег, никакви изненадувања, нормално ги купив пак истите гуми, само 3та генерација. Се додека имам фамилијарно возило кое нема јаки перформанси па да земам посебно летен сет, посебно зимски сет, ќе си останам на премиум all season гуми.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
  • Хюндай Тюсон
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1772 на: 08 Декември 2025, 15:27:52 pm »
Kaj nas allseason bi bile zamena za zimski samo, letno vreme mislam deka brzo ke gi reshish ako vozish dosta na nasive tropski temperaturi
Според мене,со алл сезон немаш добри перформанси лето,ниту зимо.Би ставил алл сезон само на градско возило,или ако буџетот не дозволува.Неможе алл сезон да ти даде во лето перформанси како летна гума,и перформанси во зимо како зимска.Тоа е разумен компромис 😁.

Кажаа оние кои никогаш не возеле целосезонски гуми.

Јас сум возел 4 сезонски и тоа мишелин. Не сум задоволен. Од тогаш на сите возила имам по 2 сета летен и зимен.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9546
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1773 на: 09 Декември 2025, 04:56:11 am »
Многу е нереално да се очекува дека all season гума е подобра и од летни и од зимски гуми, но е тука негде ептен блиску до перформансите и на двата типа гуми во нивните сезони. Има еден куп тестови за тоа. После извозени 90К со првиот сет Goodyear Vector 4s 2nd gen, и тоа 90% по автопат и отворен пат во Германија, без никакви проблеми и летно и зимно време, возени и на снег, никакви изненадувања, нормално ги купив пак истите гуми, само 3та генерација. Се додека имам фамилијарно возило кое нема јаки перформанси па да земам посебно летен сет, посебно зимски сет, ќе си останам на премиум all season гуми.

Germanija nema makedonsko leto. Tamu mozes all season so zimski da si menjash.

A ako prodozat temperaturive vaka kaj nas letni ni se all season za tuka

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4642
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1774 на: 09 Декември 2025, 08:27:56 am »
^ има и пример од Македонија со 60К км и тоа на прописен СУВ

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6905
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1775 на: 09 Декември 2025, 10:22:42 am »
Имам погоре напишано, со 2.2 тонски СУВ, брзо почнаа да се топат кога направија километри (нјголем дел од километрите беа зимно време).

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1776 на: 09 Декември 2025, 10:37:08 am »
Непотребен муабет. Мислам дека тој што сака да го намали стресот и трошокот околу менаџирањето на гуми има доволно информации. Верглањето едно те исто не помага никому.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7723
  • French diamond
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1777 на: 09 Декември 2025, 12:10:51 pm »
Секој си знае за себе, дека и со нив се вози, се вози, дека се подобри од летни или зимски, не се.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2825
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1778 на: 29 Јануари 2026, 17:48:40 pm »
Купен денес јапонски/британски YUASA YBX3096 (76Ah, 680A), по цена од 4200 денари (со вратен стар акумулатор) од Ивал Трејд.
Гаранција - 30 месеци.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Да се самоцитирам.

И секако после гаранција (4 години скоро на рамно) - даде душа и Јуаса-та.
Синоќа скромно завергла 1-2 пати и капут. Не забележав некои симптоми претходно, освен во најладното дека палеше така - така. Не се мачеше да вергла, туку претпоставував дека е од ладното.
Не бил „пробиен“ наводно, туку со доста намален капацитет.

Купен Varta Dynamic SLI:



Цена - 5600 денари (со вратен стар). Гаранција - 3 години.
По кодот (540 - најгоре), произведен во април 2025-та.

------------------------------------------------------------------------

Наредно за менување е во сабота, здравје.

Задната лева врата не се отвора ни од внатре, ни од надвор. Моторчето за бравата е отидено. Ни централно ја фаќа, ни бутур.
Прво почна да не се отвора како сега, па потоа не се ни заклучуваше таа врата, сега пак остана заклучена.
Кога ќе заклучам со централното - сијаличката што е во возачката врата продолжува да свети 20-тина секунди, па дури тогаш продолжува да трепка (ова е знак за error/грешка дека нешто не е во ред со централното/вратите).

Претходно (за овие 6 години) го имав истиот проблем, но со вратите од десната страна (и совозачка и задна).
« Последно менување: 29 Јануари 2026, 17:53:47 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2825
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1779 на: 01 Февруари 2026, 12:44:27 pm »
Наредно за менување е во сабота, здравје.

Задната лева врата не се отвора ни од внатре, ни од надвор. Моторчето за бравата е отидено. Ни централно ја фаќа, ни бутур.
Прво почна да не се отвора како сега, па потоа не се ни заклучуваше таа врата, сега пак остана заклучена.
Кога ќе заклучам со централното - сијаличката што е во возачката врата продолжува да свети 20-тина секунди, па дури тогаш продолжува да трепка (ова е знак за error/грешка дека нешто не е во ред со централното/вратите).

Претходно (за овие 6 години) го имав истиот проблем, но со вратите од десната страна (и совозачка и задна).

Бидна и ова, само што не беше проблем со моторчето на бравата.

Не ми работеше и џамот на таа врата воопшто. Ниту од регулаторот што е на самата вратата, ниту од општиот регулатор (за 4-те џамови) што го има во возачката врата. Ова го забележав вечерта пред да ја однесам на мајстор. Дека ладно периодов и ретко ги отворам задните џамови.
Не ни светеше црвеното ЛЕД-че на прекидачот на таа врата.

Проблемот - скапан конектор (од влага и изабеност) што влегува во модулот на самата врата (преку гуменото црево со ел. жици на дното на вратата). Јас мислев дека жиците се прекинати од отворање/затворање на самата врата, ама не.
Среден конекторот, дотерани и заштитени и жиците (и кај гуменото црево и кај конекторот). Цена - 1000 денари.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2825
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1780 на: денес во 15:55:40 »
Исполирани фаровите денес, 1500 денари, со полимеризација.





До сега двапати сум ги полирал вкупно, без овој.

Првиот пат (со полимеризација) траело 2 и пол години.
Вториот пат траело 2 години.

------------------------------------------------------------------

Нејсе - имам три прашања:
- дали да направам еднослојно полирање за 100 евра?
- дали да направам повеќеслојно + заштита за 13000 денари?
- да не правам ништо естетски и тие пари да ги дадам за голем + мал сервис? Ми следува за едно 5-6000km...
Реално - можам и тоа и тоа, ама колку е паметно - не знам. Чувам пари за одмор :)

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4642
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1781 на: денес во 16:36:36 »
Ако планираш да ја возиш уште долго колата и ако мислиш дека ќе има видлива разлика ако ја исполираш, прави го, мада според мене попометно е да не го правиш, направи си голем сервис, чувај ги тие 13000 за резерва за нешто друго.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1577
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1782 на: денес во 19:17:49 »
Да си ги потрошиш на одмор
In an Alfa Romeo, looking good is more important than looking where you’re going.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7273
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1783 на: денес во 20:35:12 »
Нека му залепат фолија некаде да не му ја мислиш повеќе во иднина, ако не кошта повеќе од 1000ден од фар.

Полирање од 100е - 13000ден заштита е глупост невидена, по мое.

ЕДИТ:
Мислев има плус некој специјален третман на фаровите шо се доплаќа, тоа за цела кола да ти било полирањето. Ама пак 13к многу се за обично возило, 100 ок.
« Последно менување: денес во 22:48:45 Power to the people »

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5423
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1784 на: денес во 21:24:36 »
Нека му залепат фолија некаде да не му ја мислиш повеќе во иднина, ако не кошта повеќе од 1000ден од фар.

Полирање од 100е - 13000ден заштита е глупост невидена, по мое.
Kaj saglam covek folija kosta dksta povekje,nekade duplo po far

Sent from my SM-S938B using Tapatalk