Нејсе, кој сака - има намалување на АлиЕкспрес за VCDS кабел.
Излегува 1200 денари со достава. Ќе видиме како ќе се покаже.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ако му пишеш порака на продавачот - враќаат со 4shared линкче да си ја симнеш последната VCDS (25.3.1).
Jас работев на 20.4.2 пред 4-5 години, само се надевам ќе работи како што треба кабелчево во комбинација со софтверот.
Да се самоцитирам - денес стигна кабелчево. ViaPost ми го доставија до пред влез.
Не сум го пробал, треба прво да ја инсталирам VCDS на лаптопов.
Ги тргнав линковите за симнување на хакнатата VCDS.

Не знам дали сум параноичен уште пред да го уштекам во колава, некако ми е страв да кодирам со него (не дека имам потреба моментално, се што сакав - сменив уште кога го купив Леонов).
Ај за читање/чистење грешки и разно-разни параметри преку VCDS - ОК, ваљда ќе заврши работа, ама ми е страв да не углави ако пробам да сменам нешто и да се е*е мајката борд компјутерот. Кабелот со кој кодирав пред 5 години беше оригинален, мада самата VCDS беше хакната, лично ја барав по торенти. Мада сега кога ќе размислам: ако кабелот бил оригинален - зошто мајсторот ми рече да се снајдам со VCDS?
