Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 170570 пати)

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1575 на: 15 Јули 2024, 01:04:12 am »
И јас сам ги средувам со некоја паста од ауто лидер, и ги прскам демек за заштита со сонакс полимер нетшилд, не штити 6 месеци на сонцево дефинитивно, 2 преку сила, у зима може 4-5. Може дека и не е наменета за фарови па ги гланцам на неколку месеци ама тоа е генерално добро е за ситни пари шо знам.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1576 на: 19 Јули 2024, 09:54:01 am »
Вчера (18.07) на 246467km сменети и копчињата за џамовите кои се наоѓаат на возачката врата. Копчето за возачкиот прозорец ме зафркаваше 2 недели, па не го ни користев. Се скршила дел од пластиката (слика подолу), па копчето не работеше баш-баш. Ми беше страв да не престане тотално.
Не успеав сам да ги извадам сите пластики од околу, само украсната странична лајсна. Не успеав и да најдам видео/туторијал баш за Леониве.
Мајсторот не ми зеде пари за промената.
Не е можно колкава е разликата во отпорот и самиот feeling при ракувањето, во споредба со старите (од расходуваност).

Голема пофалба за @Prcot - го имаше на залиха делот уште додека не бев во МКД.
Дојде и ми го донесе блиску до работното место.

Старите прекидачи:









Новите:







==================================

Беше прегорен и левиот заден штоп/позиција, па ја сменив и таа.
Ставена Praxis P21W сијалица

==================================

Имам едно прашање во врска со голем сервис.
Koлава ја имам точно 4 години, а тогаш имам направено и голем сервис.
Имам поминато 60957km.

22.07.2020
185510km

Голем сервис:
- уље Shell 5W30 (VW 507.00)
- филтер за уље
- филтер за нафта
- филтер за воздух
- филтер за кабина
- сет ребрест каиш
- водна пумпа
- линиски каиш
- антифриз

Кога да направам пак?
Не дека сум забележал проблеми (пу, пу), чисто онака ме интересира кога ги правите...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1577 на: 19 Јули 2024, 10:06:25 am »
Како шо вика китапот кај тебе, така прај,
кај мене вика 4 години или 90к км мислам беше, ама правам на 5 години и му идат 60,000км, оти така сакам.  ;D

Терминот ми е есенвава.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1578 на: 19 Јули 2024, 10:11:54 am »
Китапо не е арен нешто.
Или ние не сме арни.

Every 210,000 km (130,000 miles)
• Timing belt for camshaft: Replace (TDI Common Rail engines).
• Camshaft timing belt tension roller: Replace (TDI Common Rail engines).

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1579 на: 19 Јули 2024, 10:15:51 am »
Јас мислам со заменски делови, рокот е 60-70к км или 5 години. Да сум на твое место, следната година би правел. Сепак ти возиш големи км, а знаеш каков е квалитетот на деловите. (општо)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1580 на: 19 Јули 2024, 10:21:56 am »
Јас мислам со заменски делови, рокот е 60-70к км или 5 години. Да сум на твое место, следната година би правел. Сепак ти возиш големи км, а знаеш каков е квалитетот на деловите. (општо)

Нешто и мене ме влече натаму, да направам следната година пред летниве одмори (мај - јуни).
Ако просечно вртам 15K годишно - би дошло тогаш 75k километри и 5 години од промена.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1581 на: 19 Јули 2024, 12:25:08 pm »
Терај уште 10000км или година, што дојде попрво па смени го.
Јас на Туранот на 80000км му менував.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1582 на: 20 Јули 2024, 07:56:46 am »
Ова со прекидачите за прозори е редовен проблем и кај Голф 6. Јас во Голфот мислам дека ги сменив два пати.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1583 на: 20 Јули 2024, 08:21:22 am »
И на Голф 4 и на Голф 5, другар на двата менуваше, на 4ката и некои пластики околу плус.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1077
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1584 на: 20 Јули 2024, 10:08:10 am »
Не се заебавајте со ребрастиот маx na 60 000 менвај

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1585 на: 20 Јули 2024, 11:07:27 am »
На секое возило е различно,кај мене на пежо 307 1.6хди 109кс пишува на 10 години/180.000км.
Ма фиато беше 6 години/60.000км

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1586 на: 21 Јули 2024, 13:50:20 pm »
Се тоа убаво што пишува по книгите, ама многу битно е колата по какви временски услови се вози и какви делови се става по квалитет. Кај нас се знае деловите се со сомнителен квалитет а временските услови исто се неповолни за гумени делови. Според ова јас не би ги оставил каишите повеќе од 5 години или 50 000км максимум.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1587 на: 22 Јули 2024, 07:13:10 am »
Е да бе, 25,000 годишно ако врвам, секоја втора година јас ребраст ќе менувам.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1588 на: 22 Јули 2024, 11:21:06 am »
Е да бе, 25,000 годишно ако врвам, секоја втора година јас ребраст ќе менувам.

Зошто не би. Човек со таква километража, вади/прави пари, и живее од колата. Еден сервис од 100евра, те дели до друг мотор од 600/700 евра.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1589 на: 22 Јули 2024, 12:38:31 pm »
100€ e малиот сервис.  ;D