Прв проблем е што колата е неупотреблива два до три дена, ако се одлучи за Марко. Зошто? Затоа што закажува термин - правиш што правиш, воланот мора да биде кај него на таа дата. Истиот ден го сработува и го враќа по карго, ако го добил по карго (каргото му било преку патот, демек). Утредента го имаш воланот.
Втор проблем е цената. Од 70 на 100 евра покачување, мислам дека е премногу. Сака мајсторија, не дека не, но процентот на покачување е многу. Но, ради тоа што тоа работата која најмногу ја допираш во колата и цело време ти вади очи пред фацата, вреди и 100 евра да се дадат.
Трет проблем е одржувањето. Сака многу редовно, пошто каков и да е материјалот, не е поквалитетен од ОЕМ.