Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169314 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #450 на: 11 Јануари 2021, 18:51:04 pm »
Кога ќе ги исклучиш сијаличките, продолжуваат да светат? Многу малце светат ептен треба да гледаш директно во нив. Провери го ова зошто обично треба отпорник да се залеми на нив.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Ќе проверам баш попосле, ама мислам дека не светеа, нема што да ги држи под напон и проверува. Додуше, и овие сијалички што ми стигнаа се canbus.
Затреперуваат секунда (не видов дали жарат) кога од 0 позиција ќе ставам да се палат на отворање на вратите, ама не го користам тој мод на работа...

Имам читано на VW/Seat форуми дека знаат да жарат ЛЕД-ови кога се наместени во тој режим. Поедноставно решение од отпорник е да се стави една обична W5W или лед со canbus во било кое внатрешно светло.



« Последно менување: 11 Јануари 2021, 19:15:36 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #451 на: 12 Јануари 2021, 00:38:15 am »
@Dule_  - Прееска баш проверив, не жарат во ниеден мод на работа. Ваљда оти се CANBUS...

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #452 на: 12 Јануари 2021, 21:17:40 pm »
Мишко огласил го 😁


Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #453 на: 13 Јануари 2021, 00:33:33 am »
Хахах ја огласиле а?
Со среќа нека му е и на наредниот купувач, стварно е зачувана колата  :-*
Ме мавна носталгија сега, @riki_staff е*и се  :-X :P
« Последно менување: 13 Јануари 2021, 00:43:00 am balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #454 на: 13 Јануари 2021, 00:51:48 am »
Прееска пак пробав да ставам LED W5W во фиоката - пак прегоре осигурувачот. Ваљда прави спој некаде сијаличката како е дизајнирана на долниот дел и како влегува во лежиштето. Ќе пробам со Филипсот кога ќе стигнат.

Денеска стигнаа од АлиЕкспрес и кинеските LED C5W (36mm, 15 парчиња) и C10W (41mm, 5 парчиња), бели.
Фати 16$ целата пратка.

Линк:
https://www.aliexpress.com/item/32715049848.html?spm=2114.13010708.0.0.340d4c4dWELjdG

Oд C5W за сега искористив две сијалички во сунцобраните



и две во задното таванско светло



41mm (за багажникот) останаа како резерва за постоечкиот ЛЕД што го ставив од Филипс.

Oстана утре да ги променам сијаличките на задните таблици и да видам дали ќе покаже грешка. Ќе мора со VCDS да чепнам ако покаже.
Така да - во внатрешноста на возилото се променив во кинески LED (освен во фиоката). Ќе видиме колку ќе траат.
На крајот од месецов ќе пристигнат и Филипс ЛЕД-овите, па ќе ги ставам тие.
« Последно менување: 13 Јануари 2021, 00:58:21 am balanar »

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #455 на: 13 Јануари 2021, 00:58:20 am »
Баш го проверив линкот што го имаше објавено за тие на задните таблички. Пишуваше дека се no error освен за германски и италијански возила и дека за нив треба да се додаде отпорник. За да не си го комплицирам животот, не ги порачав, нека свети жолто табличката, не ми менува многу. Ме интересира како ќе покаже на Сеатот.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #456 на: 13 Јануари 2021, 00:59:31 am »
Баш го проверив линкот што го имаше објавено за тие на задните таблички. Пишуваше дека се no error освен за германски и италијански возила и дека за нив треба да се додаде отпорник. За да не си го комплицирам животот, не ги порачав, нека свети жолто табличката, не ми менува многу. Ме интересира како ќе покаже на Сеатот.

Ама тие се W5W, Леонов на задните таблички користи C5W (од оваа пратка). И овие денешниве се демек CANBUS.

Ќе пробам утре денски, прееска беше преладно  :-X

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #457 на: 13 Јануари 2021, 12:21:02 pm »
Дали и дома вакви бели/ладни сијалици користите :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #458 на: 13 Јануари 2021, 12:41:36 pm »
Хахах ја огласиле а?
Со среќа нека му е и на наредниот купувач, стварно е зачувана колата  :-*
Ме мавна носталгија сега, @riki_staff е*и се  :-X
Купи ја,јави му се од друг број, прашај шо како е колата и слушај прикаски 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #459 на: 15 Јануари 2021, 01:39:49 am »
Вчера конечно ги променив сулфидните C5W за регистрациските сијалички и ги ставив кинеските бели LED.



Сепак, ми исфрли грешка на борд компјутерот за прегорени сијалички, па морав преку VCDS да променам две работи, во контролерот Central Electronics -> Coding -> Long Coding Helper:

- се штиклира Byte 17, Bit 7 - License Plate Light w/o Pulse Width Modulation (PWM) [LED Light] (му се кажува на борд-компјутерот дека се ставени LED регистрациски сијалички)



- се дештиклира Byte 23, Bit 6 - Lamp Monitoring (Cold) License Plate Lamps active (се исклучува CANBUS мониторингот за регистрациските сијалички)



Постапката е посочена од администратор на официјалниот VCDS форум, не ми се замараше да пробувам дали ако го оставам мониторингот и само ја штиклирам првата опција ќе продолжи да покажува грешка.

Мене многу ми се допаѓа како изгледа сега задниот дел на Леонот, со жолтите сијалички ми беше meh.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #460 на: 16 Јануари 2021, 02:02:12 am »
После ШЕСТ месеци откако го имам возилово, вечерва случајно открив дека има Hill Hold Control (HHC) систем.

https://www.seat.com/car-terms/h/hill-hold-control.html

Имено, на угорница во лер, после притискање и отпуштање на кочницата - возилото останува статично две секунди пред да се почне да се тркала наназад.

Среќа, не купив Ауди А8 (абе секако), ќе откривав функции и после две години.
« Последно менување: 16 Јануари 2021, 02:11:32 am balanar »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #461 на: 16 Јануари 2021, 02:34:26 am »
И ја иам на шкодилако. Супер стварчица.



А, не ли го викаат тоа АМР или АСР или АМСР? :D
Може е различно кај различни производители, кај мене никогаш ќе сконтав како и зошто се вика. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2212
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #462 на: 16 Јануари 2021, 02:45:46 am »
Појма немам, сега го најдов во прирачникот, Hill-start Aid го пишува хах

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #463 на: 16 Јануари 2021, 07:30:05 am »
И ја иам на шкодилако. Супер стварчица.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

А, не ли го викаат тоа АМР или АСР или АМСР? :D
Може е различно кај различни производители, кај мене никогаш ќе сконтав како и зошто се вика. :)
Hill hold колега

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #464 на: 16 Јануари 2021, 09:38:36 am »
После ШЕСТ месеци откако го имам возилово, вечерва случајно открив дека има Hill Hold Control (HHC) систем.

Имено, на угорница во лер, после притискање и отпуштање на кочницата - возилото останува статично две секунди пред да се почне да се тркала наназад.


Веројатно во прва брзина, не во лер? Во прва на угорница, притиснат куплунг и кочница, пушташ кочница, и колата си стои. Исто и во рикверц кога ќе убациш, кога си напупен со задниот дел на угорница.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.