Ги променив предните тавански од обични W5W во кинескиов ЛЕД (бел).
Три се на број, задните тавански се еден пар C5W (ги чекам и кинескиве и Philips 6000K).
Излезе овака:
Се зафркнав менувајќи ја W5W во фиоката (чепкав со нож, многу е тешко да се извади со прсти) и рикна осигурувачот за внатрешното осветлување.
Не можев да најдам кој е, па отидов до електричарот (што ми го среди анласерот) и завршивме работа.
Отпосле погоди електричарот дека сум бркал со штрафцигер или нешто метално, па сум направил спој. Сега, гуглајќи од дома - осигурувачот за BCU (body control unit) беше проблем, 20A e.
Ќе видам, може утре ќе ја променам сијаличката и таму.