Последното, тоа е муабетот.
Може и субвенциониран рент а кар за одмор за фамилии со пониски примања.
Значи тие што имаат највеќе пари ќе имаат субвенциониран рант-а-кар . Зошто и картичкиве од владава за помош ги земаа сите газди на фирми и луѓе од нивната фамилија (Тие се пријавени на минималец). Другите нормални луѓе што зимаат нормална плата од 20-45.000 денари не земаа ништо, а реално имаат многу реални примања од тие со 14.500.
Саше, можеби не се објаснив добро.
Мене цела оваа финансиска инекција ми беше некако не доволно таргетирана. Како што кажуваш добија пари и тие што треба и тие што не треба.
Али, тоа е проблем на државните институции. Немаат квалитетни бази на податоци. Не се институционално поврзани. Немаат кадар кој тоа да го направи. На крајот, немаат ни интелект.
Што очекуваш кога обично цели фамилии се во администрација. Кој да им каже како е во пракса, како е во приватен сектор.
1 картичка за изработка на банките чини 10е. 300к се изработија. За што? Купување домашни производи, велат. А каде е опортунитетниот трошок?
Ама на тв сите се расфрлаат со пари, еве се грижеле. Парите што ќе ги враќаат нашите деца, они ни ги даваат небаре од нивни џеб да враќаат.
Да имавме современ систем, со податоци какви што треба,за еден ден ќе се направеше се. Нека се направи минимално ниво за месечен трошок, пример за 1 човек што живее сам, 20к, за 2 25к, за 3 30к, за 4 35к итн. Сите што се во иста фамилија а имаат помали примања да добијат износ до минималниот, тие над нема да добијат.
Ама у држава што неможе попис да спроведе, нема квалитетни информации и затоа нема добро таргетирани социјални бенефиции.