Државата лесно се убедува за нов данок а тешко се откажува.
Со овие бројки на продажба, смешна е сумата што би се изгубила како приход. АМА за да успее оваа мерка, треба баланс, од некаде да се земе за да се даде.
Ако се воведе данок на луксуз, пример ако се има возило во вредност над 100 просечни плати, да се плаќа покрај давачките да се плаќа одредена сума и истата пропорционално да расте доколку сумата е повисока. Ако истото лице или лице од неговата фамилија има исто возило над просекот, да има прогресивен данок на луксуз.
Да видеме реални, последниве години се повеќе гледаме коли над 80к евра. Смешно е да плаќаат иста сума за патишта, технички итн. Не знам колку од цас се сеќаваат ама пред 15 години се плаќаше данок на возила над 1900 кубни цм. Без разлика на кс. Што и ова беше смешно.
Тогаш ќе има простор за субвенции.
Нормално, кај нас се купуваат возила на име на фирма, оа тогаш во друг правец би се терала даночната политика за правните лица.
На крајот на денот, со 300к граѓани во сиромаштија, ова и нема баш да им влијае.
Јас попрво би го средувал јавниот превоз па потоа би субвенционирал електрични возила. Со нормалниот, чест, редовен јавен превоз би се зголемувал трошокот за поседување возило преку зголемување на давачките за сите, па откако ќе се исчистиме од "бабавозелаувозшвицарскагољф4исл" и се разретчат возилата би се пристапило кон ел возила. Паралелно со зголемување на патници во јавен превоз, одемање на лемти од булевари за велосипеди и сл.
Ама, ова у нормална држава со нормални политичари кои мислат подалеку од тоа да крадат и мислат дека се богови.