Автор Тема: VW Golf 2 GTI - Upgraded  (Прочитано 11363 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
VW Golf 2 GTI - Upgraded
« на: 21 Јуни 2020, 14:01:31 pm »
Знам дека многу од колегите форумџии у моментот додека го читаат овој пасус ќе го помислат или речат истото што ќе го напишам и јас, а тоа е: "што побогу направи човеков со колите?".

Епа колеги едно кратко образложение, некогаш во животот се јавуваат некои прилики кои во моментот треба да одлучите дали ќе ги зграпчите или не. Проектот/колата што ќе ја презентирам во темата е оригинал по документи Голф 2 ГТИ произведена во Брисел - Белгија, ми излезе можност да ја добијам колата за фер и коректна цена спремна за фарбање, бидејќи од неодамна се преселив назад во Струмица размислував за помало бозило за бркање секојдневни обврски едно поради кратките релации и делумно ради состојбата на улиците и метежот низ град да не ја возам седмицата толку често.

Целта на овој проект е да добијам возило кое ќе ги задоволи личните потреби, а ќе понуди доста комодитети воедно. Тоа значи дека ова нема да е фабрична реставрација туку со помош да VW групацијата ќе добие низа надградувања пример како шалтер и бирач од Голф 4, клима од Голф 3 заедно со мотор од Голф 3 (се разбира дека ќе биде бензин :D). Можеби темата ќе биде повеќе how to и со заедничко искуство и познавање да се средат и направат доста работи.

Податоци за колата:

VW Golf 2 GTI 16v
1988
1.8 16v KR
4 врати











Еден голем бонус е што колата нема скапано и потреба од крпење ниту на прагови, полумесеци или заден трап каде што стандардно скапуваат двојките. Една од причините за тоа што е толку здрава најверојатно е што е увезена меѓу последните додека беше дозволено уште Еуро 0, возена е овде некои 5-6 години и од тогаш стои во гаража се додека не дојде во мои раце и започна да се спрема за фарбање. Секако дека има некои кросериски забелешки но тие се сведуваат на неколку длабнатини по каросеријата кои лесно можат да се средат.











Планот засега е:

- Шалтер и бирач од 5ка менувач од Голф 4
- Мотор од Голф 3 2.0 16в АБФ кој веќе го имам од Корадото
- Спортски амортизери меѓутоа не на штелување единствено 40-40 или 60-40мм пониско од фабрички изглед
- Ентериер фабричен и што по зачуван оти @Deno ќе ме брка со тие индиските Корона стапови низ Струмица
- Клима делот со контролите ладно/топло од Голф 2 додека делот со резистор и моторче од Голф 3 (компатибилни се еден со друг)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #1 на: 21 Јуни 2020, 14:37:11 pm »
Со среќа!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #2 на: 21 Јуни 2020, 15:16:17 pm »
Секоја чест!

Заслужуваш орден за колите што си ги вратил во живот :)
И колку што гледам, квалитетно вратени :)


Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1393
  • Велешанче
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #3 на: 21 Јуни 2020, 18:35:57 pm »
Со среќа новиот проект. Бубата во позадина од Велес да не е купена ?
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #4 на: 21 Јуни 2020, 19:10:44 pm »
@МулевР не, таа е 13-14 години залежана на истата позиција полна со полиестер и не е поместена ни палена многу долго време.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #5 на: 21 Јуни 2020, 19:18:00 pm »
А жтото фиче од Градашорци да не е 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #6 на: 21 Јуни 2020, 23:20:31 pm »
@riki_staff не е од Градашорци, Струмичко е.

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 719
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #7 на: 22 Јуни 2020, 01:42:03 am »
Си заборавил да напоменеш дека имаш и бандажи, RSL Cult 15”, за цолажата не ми текнува.




Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #8 на: 22 Јуни 2020, 17:47:44 pm »
Старост :D

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #9 на: 22 Јуни 2020, 23:12:14 pm »
Струмица - македонскиот Волфсбург :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #10 на: 23 Јуни 2020, 17:20:03 pm »
@andrej_111 како шо сме тргнале може и собир сами да организираме хахахаха.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30067
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #11 на: 23 Јуни 2020, 17:49:35 pm »
Strümitzsee. :D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #12 на: 03 Септември 2020, 16:26:13 pm »
Мал одмор додека траеа жештиниве (не дека деновиве е поладно) работите тргнаа од мртва точка. Се работи на лимаријата и онаму каде што има потреба, бушено за плин и слично и длабнатинки по кровот и страните кои беа извлечени.







Она што напоменав на почеток и што ме радува е дека во поглед на патосот и праговите е фабрички и доста здрава.



Во овој вакум период од последниот пост до сега средени се неколку прашања во однос на тоа што би сакал да постигнам.

2.0 16В мотор и менувач комплет од Голф 3
Клима комплет со инсталација (останува делот каде што треба да се комбинира од Голф 2 и 3)
Средена инсталација комплетна да е, морам да ја поминам за прекини некаде да ннема останато
Фелни имам RSL Cult кои што беа сликани на другата тема со двојката
Спортско подвозје меѓутоа не одам на варијанта со штелки од причина што сакам да биде секојдневна кола
« Последно менување: 03 Септември 2020, 16:37:06 pm GTI16V »

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #13 на: 06 Септември 2020, 23:35:56 pm »
Се продолжи со работата онаму каде што последно застанавме, моментално колата е во филер. Барем засега (ако не дојде до промена) планот е следна недела некаде кошот и внатрешноста од шасијата да бидат офарбани, тоа ќе ми даде простор да почнам со монтирање на инсталација, мотор, подвозје додека се спрема остатокот за фарбање како крила, врати, хаубаа итн.








Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1393
  • Велешанче
Одг: VW Golf 2 GTI - Upgraded
« Одговори #14 на: 07 Септември 2020, 19:09:32 pm »
Каква боја е во план ? Се извинувам ако пишува некаде, а сум пропуштил
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i