Одиме понатаму, вчера си земав слободен ден сака да ме фати некоја настинка ама денес со нови сили продолжив таму каде што застанав во Вторник. Пушката од воланот заедно со педалите и сервото за кочници е префрлено на шасијата, стегнато и прикачено како што треба.
Одстранета е целосно издувната грана заедно со остатокот од идзудвните цевки и лонци чисто да се ослободи повеќе простор за работа при вадење на резерварот за гориво и задниот трап.
Задниот лонец иако нов веќе си најде нов сопственик, истото важи и за штелките... а може и штоповите кои се редки како модел Hella Black.
Следно надвор отиде резерварот за гориво, одстранет е и дополнителниот резервар со надворешната притисочна пумпа.
На сликата погоре се гледа дека е спуштен задниот трап со цел да може да се одстрани резерварот. Така да задниот трап е целосно ослободен и изваден од кола и преместен под новата шасија каде ќе ја најде следната употреба.
Е сега дури поголемиот дел од деловите на подвозјето се надвор, вклучувајки го резерварот за гориво ќе добијат само едно детално перење чисто да паднат годините на кал и прашина по нив оти денес пола ми отиде во очите. Не планирам да ги фарбам за да личат на нови.
Исто така додека се е пристапно планирани ми се следните промени со цел подобрување на некои карактеристики на возилото. Напред ќе бидат монтирани шепи за кочење заедно со дискови од 280мм од Корадо Г60, моменталните на колата се 256мм вентилирачки. Исто така додека го вадев подвозјето приметив дека петтиот цилиндар воопште не функционирал, што значи колата назад немала кочници речиси ич па мислам дека имам функционален петти цилиндар од Корадо и задните шепи ќе бидат репарирани плус нови дискови и плочки.
Штом застане на тркала колата ќе биде припремена за фарбање, привремено ќе стои на стари амортизери кои се наоѓаат на залиха па понатака ќе добие нешто соодветно. Зборот ми е штом биде офарбана може да го планирам остатокот од работата, инсталација, да се поврзе се што треба, да се прегледа инсталацијата, треба да се одглават моторчињата за страничните стакла (ако некој има совет како добредејен е).