Пред некој ден кажав дека освен што е послаба, останатото возачко искуство е исто како со Ланчијата. До негде да меѓутоа сепак го повлекувам зборот. Вчера вечерта ја повозев на водно. Оооодлично управување. Волан директен и баш како што сакам. Кривини се поминуваат со невидена леснотија. Мнооогу fun to drive, иако не очекував дека од моја уста ќе излезат зборовиве за кола што е не аутоматик. Секако треба да се има у предвид дека се само 120 коња у прашање, па така да брзината дозволува да се чуствуваш посигурен.
За затекнатата ситуација на средно и на видиковец не би коментирал сега. Треба да се соземам од шокот (шоковите).