Ако веке ја активираш полисата тогаш би ти препорачал да ја докршиш целата пошто на другар за ваква "точка" на стаклото,осигурителната компанија му ја санирираше во Новус со поправка на "точката" место со замена на цело стакло
Јас истото ти го препорачувам, з`ш може да ти ја репарираат. А лесно се докршува. Јас ова го правев на моја кола: Земи штрафцигер и чекан, од внатрешна страна намести го штрафцигерот со врвот точно под зуцката, и минимално цимни го/ чукни го штрафцигерот со чеканче, одма ќе се расцвета десетина сантима.
Сето ова важи ако ти се осигурани стаклата, со тоа што има разлика од осигурани стакла заедно со автоодговорност, и каско кое опфаќа и скршени стакла. Ако го активираш каското, направи си прво есап колку бонус ќе изгубиш следната година за каско ако го активираш со оваа штета.