Епа значи ми стигна колата. Редно време беше и јас да се паркирам тука и да станам лојален член на форумов. Прекрасна е колата. Ја сум пре презадоволна. Од опрема и спецификации има:
Мотор 1.25 so 60kw (82ks)
Произведена октомври 2011 во Келн, Германија
Ниво на опременост TITANIUM, што вклучува:
-перничи за возач и совозач
-странични воздушни перници и перниче за колено
-електрично придвижување на предни стакла
-електрично придвижени и загревани ретровизори
-мануелно подесување на возачко седиште по висина
-централно далечинско заклучување со два преклопливи клуча
-предни и задни светла за магла
-серво волан подесив по висина и длабочина
-ABS сопирачки
-тонирани стакла
-патен компјутер
-автоматски клима уред (дополнително од TITANIUM)
-менувач кожа/алуминиум
-лумбарно подесување на возачко седиште
-кожен волан
-предни и задни патосници од велур
-алуминиумски фелни 15''
-ICE PACK 74 радио со CD/MP3/aux/usb/bluetooth/voice cintrol 6 звучници и контроли на волан (дополнително од TITANIUM)
-Hankook Ventus S1 evo гуми
-амбиентално светло
-хромирани детали на внатрешноста
-трепкач на ретровизорите
-PANTER BLACK металик боја
и сигурно има уше некои работи кои моментално не ми текнуваат

И еве за крај неколку слики, сликани на брзинка, па во блиска иднина очекувајте и поубави












