Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI FR  (Прочитано 5619 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Seat Leon 2.0 TDI FR
« на: 06 Мај 2020, 15:20:06 pm »
Долго време не бев активен на форумов, не знам ни ја зашто, редовно си читам ама сум немал што да кажам изглеа.

Сеа ми текна, не сум ја претставил новата кола. Па си викам ајде :D

Како што знаете повеќето, Фиестата отиде во пензија (продадена кај другар, уште си е ко нова), јас решив да се подновам.

Малце историја:

Одамна имам некоја љубов кон леонот (негде таму 2013) кога Леонот беше кола на годината во Македонја

Некое време после тоа, Класниот многу добро не повозе по Водно кога го имаше на тест

Пројде се тоа, долго време веќе, повеќето знае дека барам/сакам да купам кола, ама никако не биваше...Имав неколку желби, гледав по огласи, ќе ми искошеше нешто интересно ама никако да ме заинтересира доволно за да се ангажирам како што треба.

Пред година и 2-3 месеци, решив дека сакм дефинитивно Леон и мора да е FR, ништо друго. Се анагажирав најдов неколку (имаше поубави од мојот), ама сите беа со над 110.000 км, или без сервисна историја кај нас, па од Порше МК, за 2 леони што ги најдов, ми рекоа немој. На крај, им реков на дечките што ги знаев во Порше ако најдат, или им искочи понуда на Leon FR „ко за мене“ да ми кажат.
И така бидна, ми се јавија викаат Leon 2.0 FR бел, со 50.000 км, топ состојба да го видиш. Имапе опција и кај нив да го земам лизинг или приватно со човекот да се договорам. Се јавив, го видов го повозев знаев дека тоа е тоа.

Некој ден покасно, ја веќе на нотар и заршена работа :)

Да не должам многу, се работи за:

Seat Leon 2.0 TDI FR 2015 година.
150кс (да не е 185 верзијата, ама се решава тоа)

Не сум правел профи фотки, ама еве неколку :)
















Јас ја земав октомври 2018, тогаш и е регистрирана одма за прв пат од мене.

Земена е со 53.500 км, моментално има 70.400

Сега за сега, јас сум презадоволен од колата. Прилично стартна кола, комфорна. Да не речам, се препородив!

Кога би требало да ја опишам колата со еден збор, тоа би бил - effortless. Каде и да возам, дали било стража дали велешко брдо, дали по планините накај Софија, немам потреба да менувам брзини, едноставно секогаш има сила без разлика дали е во 5та на стража. Патувањете е презабавно со оваа кола. неверојатно стабилна - нормално, патиките се 225 40 R18.

Седиштата се наклонети кон спортски. Не би ги нарекол баш спортски седишта, ама сакаат да бидат. Нема греачи на седишта и такви удобности, но прилично добро те зграпчуваат од страна, со што можам прилично брзо да фатам кривина без притоа сувозачот да ми седне во скут (добро, зависи од ситуацијата, ова и не е толку добра особина).

Потрошувачката е смешна. Јас како што доаѓам од Фиестата 1.25 моторче, атмосферец кој трошеше 8 литри па и јаче, а не одеше, овој звер си троши 6 литри град а влече како ненормален. Искрено, не очекував дека до толку драстична разлика ќе биде.

На 63.000 направен редовен сервис:
- Сменето филтри, уље и плочки на кочници.

Кога ја земав имаше колата една маана, односно задното лево крило беше минимално вдлабнато. Пред некој месец, јас малце го закачив гепекот :(
Тоа изгледаше вака:


Само оваа слика ја имам од крилото :(



Карантинскиот период го искористив да го завршам ова, односно да ги потсредам ствариве пошто ептен ме нервираа.
Сега (баш денес) си ја земав, средена, како нова :) јас пресреќен!



Во моментов една работа што е останата, а тоа е ова:



Некој нешто сакал да постигне, искрено не знам што ама ете...Сепак Класниот ту д рескју, па нарачано е капачето заедно со моторчето за отварање на ова капаче - нешто накај 5/6.000 ден, ама мораше :)

Уште недела дена ќе може да ме препознавате по капачето за резервоар, ама ќе го средиме и тоа.

Океј, одкога го расчистивме сето ова, сега сигурно ќе има прашања за планови, иднина и слично, па ајде и тоа некако да го адресираме, али може ќе улета некоја добра идеа или совет.

Најпрво нови патики идат, најверојатно нареден месец. Немам идеа што гуми да земам, не сум се ни ангажирал да видам, здравје нареден месец.

Друго, сакав (а и уште сакам) REVO Chip - Не сум сигурен дали тоа е најдобриот избор (дајте предлог тука, кој знае). Или пак кај Шиник. Знам дека 50тина КС се добиваат, што многу добро ќе ми дојдат.

Еве ви една приказна од мене за „новата“ моја кола. Многу пекав дека сакам кола, сакам кола, сакам кола, сите ве замарав, па ете и да се пофалам :D



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #1 на: 06 Мај 2020, 15:24:11 pm »
Добар бандаж.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #2 на: 06 Мај 2020, 15:31:36 pm »
Добра кола

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #3 на: 06 Мај 2020, 15:33:18 pm »
Со здравје да се вози Диме, одлично изгледа Леонов во ФР. Многу километри да се изнавозиш.

За чип би ти препоралач во СтепОн, се возев во еден таму чипуван и ненормално е колку оди колата. И јас се размислувам за ремапирање на Леонот, ама малце ми е страв за мењачот и ламелата зошто е престартна колава и со вие 150кс па ми е страв што би била со 190-200. Рево јас не би ставил искрено.
« Последно менување: 06 Мај 2020, 15:45:31 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #4 на: 06 Мај 2020, 15:53:44 pm »
Ова се вика купување кола на место. :)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #5 на: 06 Мај 2020, 15:57:55 pm »
Одлична кола си купил, ФР пакетот си го прави своето. Ако не ти е проблем стави некоја слика од внатрешноста.

Претставување по сите порписи :D

Со здравје да се вози!

Отсутен Azriel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 695
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #6 на: 06 Мај 2020, 16:04:01 pm »
Вери вери најс 🥂
Seat Leon 1.4 TSI

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #7 на: 06 Мај 2020, 18:20:00 pm »
Па, па, па... Маааалку ти завидувам. Маааааалку.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #8 на: 06 Мај 2020, 18:29:26 pm »
Прекрасно возило!

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #9 на: 06 Мај 2020, 20:22:20 pm »
Убаво, убаво, со здравје да се вози
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #10 на: 06 Мај 2020, 20:44:34 pm »
Одлично изгледа, верувам и вози. Многу безгрижни километри.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #11 на: 07 Мај 2020, 10:02:10 am »
Љепотиц, со здравје да се вози!
New blood of old school

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #12 на: 07 Мај 2020, 11:13:04 am »
standard, koga od benzinec atmo koj ne ide a i trosi, ke sednes vo tdi i ke se oceris od prethodno zbunetata faca, kako ide ova volku a dizel,so sreka neka e i jas sum za step on za remap  ;)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #13 на: 07 Мај 2020, 11:43:26 am »
Со здравје да се вози!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Одг: Seat Leon 2.0 TDI FR
« Одговори #14 на: 07 Мај 2020, 12:19:44 pm »
Ајдее, создравје да се возии! Па да частиш! ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.