Здраво, сакам да прашам некој ако евенутално знае.
Што е разликата во двата различни дисплеи во Леон од втора генерација (фејслифт)?


Знам дека првиот е помодерен, доаѓа во опремата со фабричкото радио со Bluetooth, како и дека има опции за подесување на разни работи во врска со колата т.е има Settings мени.
Второто е поедноставно?
Ако добро се сеќавам, Леонот на
@marjanot го имаше првото.
Јас веројатно ќе го земам Леонов, чекам на увоз само.
Според италијанската регистрација, најдов дека е регистриран до 01.07 годинава, што значи дека се вози таму. Плус најдов дека на 08/2018 има пријавено 163.000км, што веројатно значи дека километражата на сликите подолу е реална.







(Дали може да се исполираат гребнатиниве на стаклово врз инструментите или мора да се бара ново стакленце?)
@andrej_111 - Она што зборевме за зјајот помеѓу хаубата и левото крило го нема на првата слика, веројатно станува збор за артифакт при сликањето на таа слика од блиску.