Не, не сум.
Го чекам Леон-от од погоре да го увезат, па да го видам/пробам.
Него, вчера барав по форумов за ремап на таа верзија на мотор, 1.6TDI и мојот впечаток е дека се препорачува. Некаде цените се движеа 300-400 евра за Stage 1 (140кс, 320Nm), по она што прочитав од луѓе тука.
Дали (ако се одлучам за да ја земам) би било препорачливо да направам ремап?
И кои би биле првите промени после земање на половна кола, евентуално?
Сигурен сум дека сакам да го сменам фабричкото радио (сакам Андроид (Dog Security имаат информативни видеа на Фејсбук, како се со цени?)) и клима-фолии. Гуми, доколку постоечките се лоши?
Малку се бош овие прашања, знам. На нероден Петко капа му кроиме. Но кола сепак ќе се зема, би сакал да сум на чисто со зафатите отпосле и што е препорачливо да се промени естетски/функционално.