Автор Тема: Bosch VP-44 2.5 TDI  (Прочитано 3874 пати)

Отсутен danielnaumoski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Bosch VP-44 2.5 TDI
« на: 22 Март 2020, 20:35:46 pm »
Вака дечки, имам Audi A4 B6 2002 со 2.5 TDI 163ks(BFC) мотор и имам проблем со бош пумпа VP-44, колава нејчи никако да запали, прво беше се во ред пред 2-3 недели, после почна тешко да пали ладна, малце да загреј палеше ок, после почна потешко да пали и загреана, и стаса до старт спреј низ филтер. Баравме шо можи да биди, главен компјутер океј, електорника на бош океј, потопна пумпа во резервар шо носи до филтер океј, и сега единствено пали само со старт спреј дирек во усисна, шо не е воопшто океј. Пред да пробам со друг бош(иста електроника) сакам да прашам некој за милсење или искуство што имал? Фала однапред.

(додаток: запалена со спреј преку грана работи се океј, супер, и да крени 90 степени после пак не пали)
« Последно менување: 22 Март 2020, 20:41:55 pm danielnaumoski »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #1 на: 22 Март 2020, 22:10:36 pm »
Имаа проблем едно време некои VW-ови мотори со недоволна брзина (недоволен број на вртежи) на радилицата пред да „кресне“, па со некој ремап го решаваа овa.
Демек (хипотетички зборам не се точни бројкиве) ако треба 650 за да запали, поради старост на анласер и останати делови, колава може само 620 обртаи да постигне и не пали. Ремап ја „симнува“ границата на вртежите кога колата почнува со активно палење (бризгање гориво и остало)... 
Можеби некој што ги познава VW моторите може да каже нешто повеќе за ова.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #2 на: 22 Март 2020, 22:20:45 pm »
Mislam deka nevazi toa za ovoj motor i za vp44. Toa bese na 1.9tdi

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk


Отсутен danielnaumoski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #3 на: 22 Март 2020, 23:11:44 pm »
Имаа проблем едно време некои VW-ови мотори со недоволна брзина (недоволен број на вртежи) на радилицата пред да „кресне“, па со некој ремап го решаваа овa.
Демек (хипотетички зборам не се точни бројкиве) ако треба 650 за да запали, поради старост на анласер и останати делови, колава може само 620 обртаи да постигне и не пали. Ремап ја „симнува“ границата на вртежите кога колата почнува со активно палење (бризгање гориво и остало)... 
Можеби некој што ги познава VW моторите може да каже нешто повеќе за ова.
Незнам точно баш за ова прв пат слушам, на верглање стој на 200 обртаи стрелката ама сепак силно вергла.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #4 на: 22 Март 2020, 23:51:31 pm »
VP44 пумпата е многу осетлива односно многу тешко се обезвоздушува. Дали ти е проверен цел систем некаде да не прима воздух?
Пумпата кај ја проверуваше? Единствено да ја провери како што треба по бош протокол ти е Влатко во Кавадарци, значи само кај него може по пропис. Кај сите други е импровизација!

Отсутен danielnaumoski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #5 на: 23 Март 2020, 00:22:31 am »
VP44 пумпата е многу осетлива односно многу тешко се обезвоздушува. Дали ти е проверен цел систем некаде да не прима воздух?
Пумпата кај ја проверуваше? Единствено да ја провери како што треба по бош протокол ти е Влатко во Кавадарци, значи само кај него може по пропис. Кај сите други е импровизација!
Воздух немам проверено низ цел систем, црево од филтер нафтен до бош шо оди проѕирно нема во него водзух, а дали можи некако механичкио дел од бошо да се репарира, како оди то и слично и од прилика колку би коштало, дали би било поисплатливо да се репарира или друг половен(150€).

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #6 на: 23 Март 2020, 09:11:06 am »
VP44 е многу неблагодарна пумпа за сервисирање. Моето искуство со нив е дека проблемот е следното: Пумпата се става на пробен стол и ако излезе дека електроника не чини ја менуваш електрониката мислам дека 500-600е е цената. После ова се става на пробен стол да ја изврти комплет на сите тестови и на крај самиот ја програмира електрониката(во неа има софтвер за управување). АМА доколку не задоволува механички пумпата(претходно може да работела вака) односно ако е ослабена не ги поминува тестовите и пробниот стол нема да ја програмира.... Тогаш ќе треба и механичкиот дел да се сервисира. Мислам дека хидроглава за таа пумпа е околу 300е.
Половен не би ставал ептен е мачка во вреќа. Види со Влатко од Кавадарци, ако ти е исправна електрониката подобро е да смениш механички дел и да знаеш дека е ок, иако колку ќе тера електрониката никој неможе да ти каже. Едноставно тоа се пумпи стари по 20тина години и таа електроника си го отслужила своето. Неверувам и во старт дека биле проектирани толку долго да тераат.

Отсутен Alex.mkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 158
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #7 на: 23 Март 2020, 11:50:02 am »
Ubavo ti vika nikola_bb vo makedonija samo vlatko kavadarci ima da ja ispita celosno kako so treba taa pumpa site drugi mozat da ti zamenat mehanicki del no ne i da ja ispitaat na site testovi sto treba, vtora opcija i poeftina ti e bugarija sofija so garancija kade prajkaat i nasi bosisti i naplajkaat duplo

Отсутен danielnaumoski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #8 на: 23 Март 2020, 17:24:58 pm »
Електрониката ја проверивме океј беше, не правеше убо вакум да повлечи гориво, по се изгледа воздух имаше во довод, денеска ја запалив на спреј исто, едно издувување до 180 и сега пали одлично. Сепак фала на сите за помошта.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #9 на: 23 Март 2020, 17:31:07 pm »
Пресечи го цревото пред пумпата и стави си рачна пумпица како што имаат некои француски возила. Користи ја за итни случаеви, најевтина опција ти е.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #10 на: 23 Март 2020, 20:18:19 pm »
Таа пумпа НЕ ПРАВИ вакум. Нема бот вентил пумпата и е многу зависна од тоа доводната пумпа да функционира како што треба. Заебана е за обезвоздушување баш затоа што нема бот вентил.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #11 на: 23 Март 2020, 21:08:08 pm »
Не беше оваа пумпа проблем во Опел моторите?

Мислам дека имаше тема за ова мн одамна, нека ја побара некој сигурно имало завршница. Некој дечко беше од БТ proff ли беше членот...

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #12 на: 23 Март 2020, 23:29:36 pm »
Да истата пумпа ја имам јас кај мене во астрата 2.0 DTH i 2.0 DTL во сите е таа бош пумпа еве и во Ауди 2.5 тди ја има исто во сааб 2.2 дти,форд во 1.8 тдди  и неколку други марки на коли ја користат ..... Пумпата поради износувaње на телото почнува да грее електроната  и доаѓа до прегорување на еден транзистор во самата електроника, која рака на срце уште како нова е поставена конструкциски на мн лошо место и се ладе само од протокот на нафта ....Инаку да членот proff od bt имаше патешествија со оваа пумпа .... Eден совет до членот погоре одвреме навреме можеш да ставаш по малку двотактол во нафтата доста и го продолжува животот на таа пумпа , сегашното гориво не и одговара не е толку мрсно ....

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #13 на: 24 Март 2020, 18:27:13 pm »
Гори транзисторот баш од воздух во пумпата. Го лади нафтата а кога има воздух влезено самиот транзистор е во воздушниот џеб, прегрева и прегорува. Така да верглање за да повлече нафта е руски рулет кај оваа пумпа.

Отсутен danielnaumoski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Bosch VP-44 2.5 TDI
« Одговори #14 на: 25 Март 2020, 17:01:42 pm »
Ново
Ја оставив колата една ден, сабајлево тешко запали со многу верглање, ја издував убо пак и колава пали по 5-10 секунди верглање, арно ама вади грешка на VCDS. Грешкава ја бриши, ја палам пали одлично, и одма пак ја појавува. Гаснам, со појавена грешка вергла 5-10 секунди одвај пали, а ако ја избришам одма, помош некое искуство?

01375 - Valves for Engine Mounting; Stage 1
    38-10 Output won't Switch or Short to Plus - Intermittent

https://i.imgur.com/ll3ZjmR.jpg