Автор Тема: Renault Megane mk1 1.8 16v  (Прочитано 9414 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #30 на: 26 Јануари 2021, 19:59:01 pm »
Свежната предницата со нови амортизери  :)





Не пребирав многу, многу за марката, ми беше важно да се нови, а и добра цена ми излегоа. Да истераат 2 години со H&R спиралите ќе бидам задоволен..инаку гаранција имаат 6 месеци, како и секои други буџет марка.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #31 на: 03 Април 2021, 15:19:05 pm »
Да ти ја освежам малце темата.03.04.2021 на 217 000 км променет по 2ор пат сет затегачи,ребраст,ПК каиш,водна пумпа, масло и филтрите. Деловите порачани од кај @Prcot , сеа нека се вози старката рает наредни 50 000 км : (по предлог од механичарот)
Еве слика од стариот каиш Dayco со поминати +/- 60 000 км и сарост нецели 5г.




Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17505
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #32 на: 03 Април 2021, 18:12:37 pm »
И кој знае колку температурни циклуси :) На време фатено, нека се вози раат :)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #33 на: 20 Мај 2021, 18:38:36 pm »
Ајде можи клуч на темата, брат ми појќе нема upate да прави  :D А татко ми не вервам да чита форуми

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #34 на: 20 Мај 2021, 19:18:11 pm »
Стариот чекал Кољо да направи голем сервис и да му го купи 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #35 на: 20 Мај 2021, 19:38:00 pm »
Таман ке си товара рајат сега чоеко 😁😁
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #36 на: 09 Септември 2021, 14:52:36 pm »
Megane- то се вози редовно, околу 65 000 во сопственост наша за 5 години. Појави прв дефект на пат за Албанија се случи да почне да грее на тие угорниците кон Саранда, ама само таму, никаде на друго место, па најверојатно е диктонот на декла под-отиден, ќе се прави здравје за другото лето.



Не знаев дека сум сменал амортизери напред, сега видов во темата, има повторно некое тропкање напред, дали толку брзо откажаа благодарение на спиралите или е нешто друго, многу е тивко за да се пронајди.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #37 на: 01 Август 2023, 00:15:22 am »
Одамна не сум постирал ништо за Ренолката, се вози редовно, моментално е на околу 240 000, му зедов масло и филтер + зглоб од Немачка.










Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #38 на: 28 Јануари 2024, 22:48:52 pm »
252 000, од кои 6 години и 95 000 во наша сопственост, дефект досега колку што се сеќавам немала, има мака со клапната, ладна работи на 2000рпм, ама тоа им е фабричка мана и еве со 3 различни клапни не се реши. За менување има зглоб и некоја кашиница кочи и квичи од време на време.
Во план на лето нова предница, виљушки, посалам амортизери, буфери и најверојатно враќање на фабрики спирали/висина.
Интересно е што нема точка рѓа, иако е 2002 година, Алфата на пример иако е 2010 има јавено назад некоја точка од внатрешна страна.


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #39 на: 28 Јануари 2024, 23:06:13 pm »
Интересно количе.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #40 на: 06 Јули 2024, 12:40:01 pm »
Постирав во друга тема, ама ете и тука. Пред 2 недели на пат за Црна Гора, се скина линискиот ПК каиш, при што влезе кај ребрастиот и го скина и него...среќа е можеби само тоа што колата беше под мала гас т.е работеше во место при кинењето на ребрастиот.

Се отвори моторот и се увиде штетата, свиткани 2 усисни и 2 издувни вентили, ќе се менуваат сите, плус сет ребраст, линиски, водна пумпа, сет дихтуни и рамнење на главата.

Изборот на делови остана на мајторот, така сакаше татко ми, иако јас бев за Прчо наш, ама негова кола, негова одлука.

Цената на деловите ~ 23 000 денари плус работна рака.  Шлеп ако некој го интересира, без пакет за помош, приватен од Тирана до Битола 300€.
Моментално е на поправка, ќе видиме што ќе испадни.


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #41 на: 06 Јули 2024, 12:42:40 pm »
Скапи деловите...
Како е монтиран ПК каишот за да влезе под ребрастиот? Зарем нема пластична заштита помеѓу нив?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #42 на: 06 Јули 2024, 13:58:24 pm »
Немам појма како се, капак секако има врз ребрастиот, ама како влегло парче незнам ни јас. А  цените на делови богами ко за кола стара 2 години, а не 22.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #43 на: 06 Јули 2024, 14:00:16 pm »
За кола стара 2 години најверојатно би било значително поскапо. :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Renault Megane mk1 1.8 16v
« Одговори #44 на: 06 Јули 2024, 14:37:54 pm »
Вентил "Auto Ventil" 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk