И ја на 2.5 ги пумпам, предните на 2.1 изгледаат ко издишани
Пробај напумпај колку што ти е препорачан притисок и кажи како ти се однесува колата (особено на отворено). Кај мене на 2.8 напумпани нови Hankook гуми колата воопшто не беше стабилна. Подобро ми се однесуваше по кривини (конкретно Плетвар) со зимските кинески гуми. Откако ги проверив и натокмив на 2.0 / 1.8 како друга кола да возев. Ова е притисок за макс 2 лица во кола, колку и што сме најчесто.
И да, делуваат на око дека не се добро напумпани, но верувам дека од фабрика имаат причина зошто пропишале да се пумпаат толку.
Муабетот ми е дека сме автомобилски форум, па да почитуваме тоа што инженерите потрошиле многу ум, време и пари. Да не пумпаме од око оти ни изгледа исшитена гумата или оти тој на вулканизер мисли дека знае се со своето 8мо одделение и ги пумпа дури не се направат "камче" или подистишени за помека вожња. А едноставно е, најчесто има лепенка на возачка врата/капачка од резервоар.