Uhp 2 krs, kanta, slicuga, plastika 
Не се слагам, ама ич.
За градска, за меѓуградска, за автопат е одлична.
Комотно возење со 150-160 на автопат без мака, посебно кога температурите се над 30C.
Чудна гума (или добра, зависи како гледаме) - на температури до 20 и кусур е солидно тврда, над 30 степени омекнува како надвор да е барем дупло потопло, ама по мое мислење ова е карактеристика на добра летна гума.
Добра дистанца на кочење, не пролизгуваат на суво, го активираат АБС како што треба, не знам што повеќе за гума од 4000 и кусур денари во димензија 225/45/17 (купено пред година и пол).
Зимно време трпат температури до кај 8-9 степени, после се крутички и не би возел ризично во такви прилики (нормално, затоа зедов сет зимски гуми).
На дожд се ОК, со мала напомена дека на дожд возам и ќе возам многу повнимателно, без разлика дали на колата што ја поседувам имам најскапи гуми.
Е сега немам БМВ и да му ја дадам Фтора или не се снимам за ТикТок со брзини од 190+, јбг.