Автор Тема: Opel Astra G 1.6 16v  (Прочитано 8072 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #30 на: 10 Февруари 2020, 17:33:51 pm »
Не да имаш во предвид, туку стави во листа на следна инвестиција.
Си возел досега на плин?
Знаеш како викаат луѓе па и јас откако ќе стават плин?
-Зошто досега не сум ставил... ич да не му ја мислиш, ставај за да и се изнавозиш, без разлика на математики у стил дали се исплати или не. Јас откако ставив почнав да возам, саглам да возам, дупло од тоа што возев.
Сеа се зафркна со дизел, инаку да имам бензинец при купување одма на плинар го носам.

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #31 на: 10 Февруари 2020, 20:51:15 pm »
@зоки-златен Не, првата кола ми беше исто чист бензин и оваа исто така. Никогаш не сум возел на плин. Инаку дефинитивно ќе биде во листата за следна инвестиција. Фала ти на сугестијата!

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #32 на: 10 Февруари 2020, 20:54:41 pm »
Ако имаш пари, немој да ставаш плин.  :)

Со среќа да ја возиш, многу мераклиско количе.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #33 на: 10 Февруари 2020, 21:08:07 pm »
@bear Плинчето е убава работа и стварно што се однесува на исплаќањето на системот, за 1 година се враќаат парите и другото е све плус, но незнам секогаш го оставам како можна инвестиција во иднина но никако да потегнам. Незнам до кога хаха. Фала ти на комплиментот!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #34 на: 10 Февруари 2020, 22:12:12 pm »
Ќе викаш "требаше порано да го направам ова", кога и да решиш да ставаш плин - дали утре или после година дена. :)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3901
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #35 на: 10 Февруари 2020, 23:13:08 pm »
Ако не мораш, не ставај плин. 10та година како ја возиме Астрата без плин, 3та година Ц4-ката.

Убаво астриче иначе. Одлично си ја чуваш. Уште многу да си ја возиш.

Sent from my Mi 9T Pro


Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #36 на: 11 Февруари 2020, 12:28:16 pm »
@MartinAlfista Ќе видиме  :-X..
@KaZaN Не стварно моментално не морам и не ми треба толку, но сигурно би било потенцијална инвестиција за во иднина. Ти благодарам на комплиментот!

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #37 на: 11 Февруари 2020, 12:30:36 pm »
Ако не мораш, не ставај плин. 10та година како ја возиме Астрата без плин, 3та година Ц4-ката.

Убаво астриче иначе. Одлично си ја чуваш. Уште многу да си ја возиш.

Sent from my Mi 9T Pro
Дај му образложение зошто?
Ако ти нешто правиш, може он нејќе тоа да го прави
« Последно менување: 11 Февруари 2020, 13:00:23 pm Leonid »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #38 на: 11 Февруари 2020, 12:32:58 pm »
Абе секој си знај за себе, му се запнавте еден стави плин, друг не ставај, тој си знај дали му треба и дали ќе  стави или не.
Супер изгледа Астрата и бандажите се погодени таман.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3901
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #39 на: 11 Февруари 2020, 12:41:08 pm »
Ако не мораш, не ставај плин. 10та година како ја возиме Астрата без плин, 3та година Ц4-ката.

Убаво астриче иначе. Одлично си ја чуваш. Уште многу да си ја возиш.

Sent from my Mi 9T Pro
Дај му образложение зошто?
Ако ти нешто правиш, може него он нејќе ѕоа да го прави

За да не си става здрава нога у трн, ако нема потреба од тоа.

Сите знаете како иде возење на плин. Еден куп потенцијални проблеми и поситни проблемчиња...

Треба посебна нега, посебно внимание. Ситни проблемчиња секогаш, од типот Check engine сијаличе, па прештелување, па се изместила мапата, па пази на високи вртежи, па провери си вентили, па скапал средниот лонец, па бензиската пумпа, па инјектори, па сонда некоја, па не префрлало на плин зошо е ладно...

На крај краева, не му реков СТАВАЈ/НЕ СТАВАЈ... Ако не мора, нека не става.

Сите знаеме зашто се става плин...

Sent from my Mi 9T Pro

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #40 на: 11 Февруари 2020, 14:14:16 pm »
Заштедуват шипци со плин!
Моментално се смеат и се возат дека е евтино на плин коа ќе почнат тон-ипол проблеми не чини колата.
Земи во предвид,свеќици,масло треба на покус интервал да менеш,треба да го одржуваш плино до филтри,дизни,мапи,триста кирци палци,сензори,ламба сонди рикат,чек енџин се појавува,грана,ауспух горат,трохира,кашла,фрла шлајмови....мајнејте се бе пипсови некој 😁😂.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #41 на: 11 Февруари 2020, 14:36:09 pm »
@n1kola Ти благодарам на комплиментот.
@KaZaN @riki_staff Стварно неможам да кажам дека имам расчистен став околу плинот. Пример секогаш кога ја носам колата на сервис, мајсторот ми вика дека конкретно мојот тип на мотор е наменет за плин. Други луѓе ме советуваат никогаш да не ставам плин што го користеле и што имале 300 проблеми како што кажа околу вентили, бензинска пумпа, префрлување итн. Стварно моментално немам потреба од плин, но секогаш останува како можна опција.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #42 на: 11 Февруари 2020, 14:52:56 pm »
1. Браво за количево, одлично изгледа. Бандажите се мерак. Мене лично, не ми се свиѓа „дрвото“ внатре.

2. Плин:
    Да:
    - дефинитивно повеќе и почесто ќе ја возиш колата, и ќе се нафаќаш почесто да одиш негде на прошетка. Современите плински системи се солидно дотерани, да практично не можеш да забележиш разлика во однос на горивото кое го користиш во моментот. Ова ти го кажувам од лично искуство. Со малце повеќе „памет у глава“, не би требало да имаш проблем да направиш голема километража на плин.

   Не:
   - ако немаш потреба, или ако мислиш дека немаш потреба, не ставај. Колку сакаат нека се имуни било кои мотори на плин, факт е дека го форсираш моторот да работи во режим кој е неприроден за него. Ќе мораш да се лишиш од багажен простор, без разлика дали би ставал „бојлер“ или „торус“.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #43 на: 04 Март 2020, 19:26:23 pm »
Денеска сменети се потисна и ламела, хидро друк лагер, плочки за предни кочници, два зглобови на предни тркала.
Ламелата и потисната плоча и хидро друг лагер се на брендот SACHS, додека пак кочниците се на Metelli.   
Исто така и по препорака на мајстор извршено е центрирање.
Ви благодарам што прочитавте, убав ден!



Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Opel Astra G 1.6 16v
« Одговори #44 на: 05 Март 2020, 17:27:52 pm »
Така се одржува кола, браво!

Sent from my SM-G960F using Tapatalk